Енеко Тур 2016 — 12. издание на велосипедската етапна Енеко Тур, која се одржала помеѓу 19 и 25 септември во Холандија и во Белгија како дваесет и шести настан во сезоната на Светската турнеја.[1]
Била освоена од холандскиот велосипедист Ники Терпстра.
Бидејќи Енеко Тур е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[2] Четири други професионални континентални екипи биле дополнително поканети и на трката настапиле вкупно 22 екипи.
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (4) |
|
Рутата за трката била објавена во март 2016 година.[3]
Повеќе информации Етапа, Датум ...
Затвори
Етапа 1
Повеќе информации Етапен резултат, Возач ...
Затвори
Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...
Затвори
Етапа 2
Повеќе информации Етапен резултат, Возач ...
Затвори
Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...
Затвори
Етапа 3
Повеќе информации Етапен резултат, Возач ...
Затвори
Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...
Затвори
Етапа 4
Повеќе информации Етапен резултат, Возач ...
Затвори
Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...
Затвори
Етапа 5
Повеќе информации Етапен резултат, Екипа ...
Затвори
Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...
Затвори
Етапа 6
Повеќе информации Етапен резултат, Возач ...
Затвори
Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...
Затвори
Етапа 7
Повеќе информации Етапен резултат, Возач ...
Затвори
Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...
Затвори
Постоеле четири главни пласмани на трката. Првиот бил генералниот пласман, пресметуван преку додавање на времето кое секој возач го извозел на секоја етапа. Се применувале временски бонуси за првите тројца на етапата (10, 6 и 4 секунди на првите тројца возачи) и на трите спринтови „златен километар“ на секоја етапа. На секој од овие спринтови, првите тројца добивале 3, 2 и 1 секунда бонус, соодветно. Возачот со најниско вкупно време бил победник на генералниот пласман. Возачот кој водел во пласманот ја освојувал белата маичка.[4][5]
Постоел и бодовен пласман. На секоја друмска етапа, возачите добивале бодови доколку завршат помеѓу првите десет, а други бодови имало и за средните спринтови. Возачот со најмногу бодови бил предводник на пласманот и ја освојувал црвената маичка. Борбениот пласман бил заснован само на бодовите на средните спринтови; водечкиот возач ја освојувал зелената маичка. Последен пласман е екипниот пласман: на секоја етапа времињата на најдобрите тројца возачи од секоја екипа биле додавани. Екипата со најниско вкупно време го освојувала екипниот пласман.[4][5]
Повеќе информации Етапа, Победник ...
Затвори
- Забелешки
- На петтата етапа, Дилан Груневеген, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел црвената маичка, бидејќи првопласираниот Петер Саган ја носел белата маичка како предводник на генералниот пласман.
„Пласмани“. Енеко Тур. sport.be. Архивирано од изворникот на 2017-06-21. Посетено на 27 септември 2015.