From Wikipedia, the free encyclopedia
Ендру Росос (домашно име: Андреја /Дико/ Рошовски) — канадско-македонски историчар, универзитетски професор и член на МАНУ, надвор од работниот состав[1].
Ендру Росос (Andrew Rossos) | ||
Роден | 28 февруари 1941
В’мбел, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Занимање | историчар |
Роден е на 28 февруари 1941 година во селото В’мбел, Костурско во егејска Македонија, а поради Граѓанската војна во Грција, како дете-бегалец во 1948 е префрлен во Чешка каде живее во детскиот дом во Соботин, каде што го завршува основното образование (1948-1954), а потоа учи во Техничката гимназија во Прага (1954-1957)[1]. Бидејќи татко му со двата сина и ќерката во 1951 година се преселуваат во Канада, во 1958 г. и тој им се приклучува и во Торонто ја дозавршува гимназијата[1]. Ги завршува студиите по историја на Мичигенскиот државен универзитет во 1963, а магистрира и докторира на Универзитетот во Стенфорд во 1971 година[1]. Се вработува на Катедрата по историја на Универзитетот во Торонто и тука ги поминува сите степени на универзитетското напредување од предавач до редовен професор (1967-1982) каде што сè уште предава современа историја на Русија и на Источна и Средна Европа и ги проучува руско-балканските врски и односи, чешката историја, балканските национализми и посебно македонското прашање и историјата на Македонија и на Македонците[1]. Солидното владеење на македонскиот, англискиот, чешкиот, рускиот, грчкиот, бугарскиот, српско-хрватскиот и италијанскиот јазик и користењето на германскиот, полскиот, словачкиот и францускиот, му овозможуваат темелно истражување во архивите и библиотеките во Стенфорд, Њујорк, Торонто, Лондон, Москва, Прага, Виена, Рим, Белград, Софија, Солун, Атина и Скопје, што му дава можност изворно да ги запознае и компетентно да ги третира историските процеси и состојби[1]. Со интерес е покануван за предавања на разни универзитети, за соработка во меѓународни проекти и на разни конгреси и симпозиуми по светот[1]. Објавува многу цитирани истражувања во значајни зборници и угледни научни списанија[1]. Во 2009 година е избран за член на МАНУ, надвор од работниот состав[1].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.