Ема Голдман
анархистка позната по својот политички активизам, пишување и по своите говори / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ема Голдман (англиски: Emma Goldman; 27 јуни 1869 – 14 мај 1940) — анархистка позната по својот политички активизам, пишување и по своите говори. Таа играла главна улога во развојот на анархистичката политичка филозофија во Северна Америка и Европа во првата половина на XX век.
Ема Голдман | |
---|---|
Голдман, околу 1911 | |
Роден(а) | 27 јуни 1869(1869-06-27) Каунас, Руска Империја |
Починал(а) | 14 мај 1940(1940-05-14) (возр. 70) Торонто, Онтарио, Канада |
Вероисповед | Нема (Атеизам) |
Школа | |
Родена во Ковно во Руската Империја[1] (денешен Каунас, Литванија), Голдман во 1885 година емигрирала во Соединетите Американски Држави во Њујорк каде што станува член на растечкото анархистичко движење во 1889 година.[2] Привлечена кон анархизмот по аферата „Хајмаркет“, Голдман станува писателка и позната адвокатка на анахистичката филозофија, правата на жените и социјалните прашања и со своите говори таа привлекувала илјадници.[2] Заедно со анархистичкиот писател, љубовник и доживотен пријател Александар Беркман, таа планира да изврши атентат над индустријалецот Хенри Клеј Фрик како акт на пропаганда на дело. Иако Фрик го преживал атентатот, Беркман бил осуден на 22 години затворска казна. Во наредните години Голдман била затворана во неколку наврати поради „предизвикување немири“ и незаконско дистрибутирање на информации за контрола на раѓањето. Во 1906 година Голдман го основа анархистичниот весник „Мајка Земја“.
Во 1917 Голдман и Беркман се осудени на казна затвор од 2 години поради „поттикнување лица да не се пријавуваат“ за нововоспоставената воена регрутација. По нивното ослободување тие и стотици други биле уапсени и депортирани во Русија. Иако првично ја поддржува Болшевичката револуција во Русија, Голдман набрзо станува критичар поради употребата на насилство и репресијата врз независните поединци. Во 1923 година таа пишува книга за нејзините искуства „Моето разочарување во Русија“. Додека живеела во Англија, Канада и Франција таа ја напишала својата автобиографија „Живеејќи го мојот живот“. По почетокот на Шпанската граѓанска војна таа патува во Шпанија да ја поддржи тамошната анархистичка револуција. Таа почина на возраст од 70 години во Торонто на 14 мај 1940 година.
За време на нејзиниот живот таа била позната кај своите почитувачи како слободен мислител и жена бунтовник, додека од своите критичари била осудена како адвокатка за политички мотивирано убиство и насилни револуции. Нејзините ракописи и предавања се протегаат низ широк спектар на прашања, вклучувајќи ги атеизмот, слободата на говорот, милитаризмот, капитализмот, бракот, слободната љубов и хомосексуалноста. Иако се дистанцира од првиот бран на феминизмот и неговите напори кон правата на глас на жените, таа наоѓа начин да ја вклучи родовата политика во анархизмот. По децении опскуртност статусот на Голдман беше обновен во 1970-те години, кога изучувачите на феминизмот и анархизмот го обновиле интересот за нејзиниот живот.