Воден
град во Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
град во Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Воден (грчки: Έδεσσα, Едеса; до 1923: Βοδενά, Водена) — град во Егејска Македонија, северозападно од Солун, или поточно во округот Постол. Населението брои 18.229 жители (2011). Преку железничка пруга Воден е поврзан со Лерин и Битола кон запад, додека пак со Солун кон југоисток. Во непосредна близина на градот се наоѓаат неколку природни езера и водопади на реката Вода (Воденка), кои се значнителна знаменитост — Парк на водопадите. Воедно, поради неговата околина се претпоставува дека го добил името Воден. Исто така и низ самиот град течат голем број на поточиња. Градот е седиште на Општина Воден.
Воден Έδεσσα | |
---|---|
Координати: 40°48′N 22°3′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Општ. единица | Воден |
Површина | |
• Вкупна | 38,9 км2 (150 ми2) |
• Општина | 321,2 км2 (1,240 ми2) |
Надм. вис. | м | 320
Најг. вис. | м | 320
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 18.229 |
• Густина | 47/км2 (120/ми2) |
• Општ. | 25.619 |
• Општ. густина | 8,0/км2 (21/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 582 00 |
Повик. бр. | 23810 |
Рег. таб. | ΕΕ |
Мреж. место | edessacity.gr |
Кон крајот на XIX век, Воден е град со мешано македонско и турско население. Христијанското население било разделено меѓу Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев, во 1905 година во Воден имало 3.600 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 6.280 Македонци под Цариградската патријаршија[2](гркомани), 30 Власи и 270 Роми. Во градот функционирале три школи на бугарски јазик (две основни и едно прогимназијално) и три грчки (две основни и едно прогимназнијално).[3]
Во градот и неговата околина денес живеат голем број на Македонци и се смета дека се доминантно население, македонскиот јазик сѐ уште се зборува во меѓусебната комуникација во повеќе воденски села и во самиот град Воден, а преку репортажа на весникот „Време“ Македонците од Воден и Воденско јавно ги искажале своите маки за изумирањето на македонскиот јазик меѓу младите и за зачувувањето на македонските традиции во воденските села.. Македонската организација и политичка партија Виножито планирала да отвори македонски културен центар во градот, но тоа било спречено од грчките власти кои не го признаваат македонското малцинство во Егејска Македонија. Партијата Виножито својата прва седница на Централниот совет ја одржала токму во Воден на 26 јануари 1997.
Градот Воден и неговата околина имаат богата историја уште од античко време. Градот уште од самото основање припаѓал на античкото македонско кралство, а во околината на денешниот град Воден се наоѓала и македонската престолнита Ајга. Во времето на Отоманското Царство, Воден и Воденско развиле многу богат македонски културен, национален и економски живот. Покрај панаѓурите кои се организирале, градот бил и попатна станица на некогаш најпрометната релација Солун - Битола. Во голем број се легендите, преданијата и фолклорот од воденскиот крај кој е неизоставен дел од македонскиот фолклор. Етничкиот состав на Воден и Воденско масовно се менува по поделбата на Македонија, а поголеми размери добива со насилните иселувања и протерувања на Македонците за време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949).
Денес старите градски куќи се запазени само во населбата Варош.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.