Европски совет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европски совет — установа на ЕУ во којашто се претставени владите на земјите-членки.[1] Заедно со Европскиот парламент, тој е законодавецот на Заедницата кој е исто така одговорен за буџетските прашања. Советот е водечка институција кога се донесуваат одлуки од областа на Заедничката надворешна и безбедносна политика, како и за полицијата и за судската соработка на полето на криминалот. Советот се состои од по еден претставник на министерско ниво од секоја земја-членка (на пример, министрите за земјоделство, кога Советот донесува одлуки во врска со Заедничката земјоделска политика). Претседател на Советот е министерот на земјата - членка којашто во моментот претседателствува со Европската унија. Секоја земја-членка претседателствува шест месеци, во согласност со договорената ротација (Шведска и Белгија во 2001 година, Шпанија и Данска во 2002 година).
Основана |
|
---|---|
Вид | Институција на Европската Унија |
Место | Зграда Европа, Брисел |
Претседател | Шарл Мишел |
Мреж. место | consilium.europa.eu |