From Wikipedia, the free encyclopedia
Советот на Европската Унија е законодавно тело на Европската Унија, што ги претставува земјите-членки. Во него членува по еден министер од секоја земја на ЕУ. Советот е главна институција за донесување на одлуки во рамките на ЕУ.[1] Претседателството со Советот ротира на секои шест месеци. Состаноците на Советот се одржуваат во Брисел (Белгија), освен во април, јуни и октомври кога состаноците се одржуваат во Луксембург.
Совет на Европската Унија | |
---|---|
Тип | |
Тип | |
Водство | |
Претседателство | |
Генерален секретар | |
Состав | |
Места | 27 |
Политички групи | Нема официјална поделба од страна на политичките партии |
Избори | |
Изборен систем | Неизбрани (застапници од националните влади) |
Зборно место | |
Зграда Европа Брисел, Белгија | |
Мрежно место | |
consilium.europa.eu |
Советот е еден од двата законодавни дома во ЕУ, покрај Европскиот парламент.[2] Советот е составен од 27 национални министри, по еден од секоја земја.
Советот е главното тело што донесува одлуки во ЕУ. Како и Европскиот парламент, Советот e формиран со основачките договори во 1950-тите. Тој ги претставува земјите-членки и на неговите состаноци присуствува по еден министер од секоја од владите на одделните земји на ЕУ. Кој министер ќе присуствува на даден состанок, зависи од темите кои се наоѓаат на дневниот ред.[3] Ако, на пример, Советот треба да дискутира на теми од областа на животната средина, на состанокот ќе присуствуваат министрите за животна средина од сите земји-членки на ЕУ и состанокот ќе биде познат под името “Совет за животната средина”. Со односите на ЕУ со останатиот дел од светот раководи “Советот за општи работи и надворешни односи”. Меѓутоа, составот на овој Совет има, исто така, прилично голема одговорност во однос на некои поопшти политички прашања, така што на неговите состаноци присуствуваат разни министри или секретари на држави, според изборот на нивните влади.
Во Брисел, секоја земја-членка на ЕУ има постојан тим (“претставништво”) кој го застапува и брани интересот на својата земја на ниво на ЕУ. Шефот на секое претставништво е амбасадор на својата земја во ЕУ. Овие амбасадори (познати под името “постојани претставници”) се среќааваат еднаш неделно во Комитетот на постојани претставници (КОРЕПЕР). Улогата на комитетот е да ја подготви работата на Советот, со исклучок на прашањата од земјоделството, кои се во надлежност на Специјалниот комитет за земјоделство.
На КОРЕПЕР му помагаат голем број работни групи составени од претставници од администрациите на одделните држави. Претседателството на Советот ротира на секои шест месеци. Со други зборови, секоја земја презема одговорност над агендата на Советот и претседателствува на сите состаноци во период од шест месеци, промовирајќи законска регулатива и политички одлуки и преговарајќи за компромиси помеѓу земјите- членки. Ако, на пример, некоја средба на Советот за животна средина е закажана за втората половина на 2006, со средбата ќе претседава финскиот министер за животна средина, бидејќи тогаш Финска би била на чело на Претседателството на Советот.
На Претседателството му помага Генералниот секретаријат, кој го подготвува и обезбедува непреченото функционирање на работата на Советот на сите нивоа. Во 1999 година, Хавиер Солана бил назначен за генерален секретар на Советот. Тој е и висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика и во ова свое својство му помага на Советот да подготвува и спроведува политички одлуки. Покрај тоа, тој се вклучува, во име на Советот, и во политички дијалог со земји што не се членки на ЕУ. На Генералниот секретар му помага заменик генерален секретар, кој има обврска да раководи со Генералниот секретаријат.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.