Евровизија 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евровизија 2012 беше 57. натпревар за Песна на Евровизија што се одржа во Баку, Азербејџан, по победата на Елдар Гасимов и Нигар Џамал со песната Running Scared.
Фактографската точност на оваа статија или поднаслов може да е доведена во прашање поради застарени информации. Можете да ја подобрите статијата подновувајќи ја. Можно е да има информации на разговорната страница. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Eurovision Song Contest | |
---|---|
Домаќин | Азербејџан ИТВ |
Локација | Chrystal Hall, Баку |
Презентери | Лејла Алиева, Елдар Гасимов и Наргиз Бирк-Петерсен[1][2] |
Режисер | Јан Ола Санд |
Победничка песна | Шведска Лорин, Еуфорија |
Број на земји | 42 |
Земји кои прв пат настапуваат | нема |
Земји кои се вратиле | Црна Гора |
Земји кои се откажале | Ерменија Полска |
Двете полуфиналиња се одржаа на 22 мај и 24 мај, додека главното финале на 26 мај.[3] 42 држави го потврдија учеството на изборот, со Црна Гора, која последен пат учествуваше во 2009, додека Полска и Ерменија се повлекоа од натпреварот.
Некои хуманитарни групи протестираа против насилството кон нив, кога сакаа да упатат протест против владиниот режим во Азербејџан. Ерменија се откажа од безбедносни причини поради нерешениот конфликт околу Нагорно Карабах со Азербејџан.
Дизајнот на натпреварот беше изграден под мотото "Запали го твојот оган" инспириран од прекарот "Земја на огнот", по што Азербејџан е познат. Телевоутингот се зголеми на 15 минути, користен меѓу натпреварот од 1998 до 2009, каде телефонските линии и смс пораките беа отворени од кога сите песни беа изведени. Гласовите на секоја држава беа одлучени по системот 50/50; и беа поделени меѓу телевоутинг и национално стручно жири. Ова издание на Евровизија беше победено од Лорин од Шведска со песната Еуфорија, која беше напишана од Томас Џ:сон и Питер Бостром. "Еуфорија" доби вкупно 372 бода, ставајќи ја во прва позиција. Русија заврши втора, и Србија со Жељко Јоксимовиќ заврши на трето место. Следуваа домаќинот, Азербејџан со четвртото место. Албанија го доби најдобриот топ 5 резултат, завршувајќи на петтото место. Германија, Италија и Шпанија беа трите членки од "Големата Петорка" кои се рангираа во топ 10, завршувајќи на 8мо, 9то и 10то место.[4]