Евровизија 2001
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евровизија 2001 беше 46. издание на Евровизија, кое се одржа во Копенхаген, Данска, после победата на Olsen Brothers во Стокхолм на Евровизија 2000 со песната Fly on the Wings of Love. Ова беше вторпат Данска да биде домаќин на натпреварот, после Евровизија 1964 , 37 години претходно. Вкупно 23 земји учествуваа на натпреварот, кој беше одржан на 12 мај 2001. Арена-домаќин на натпреварот беше Parken Stadium, односно најголемата арена во која некогаш била одржана Евровизија, до 2019. Вкупно 35.000 гледачи го следеле шоуто во живо од арената, што всушност го срушило рекордот од 16.000 достигнат претходната година во Шведска[1] .
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Евровизија 2001 | |
---|---|
Домаќин | Данска Радио Телевизија |
Локација | Parken Stadium Копенхаген, Данска |
Презентери | Наташја Крон Бек Зорен Пилмарк |
Победничка песна | Естонија "Everybody" |
Гласачки систем | Секоја држава гласаше со 12, 10, 8-1 бода за нивните 10 омилени учеснички |
Број на земји | 23 |
Земји кои прв пат настапуваат | нема |
Земји кои се вратиле | Босна и Херцеговина Грција Литванија Полска Португалија Словенија |
Земји кои се откажале | Австрија Белгија Кипар Финска Македонија Романија Швајцарија |
Нула бодови | нема |
Настап во интермецо | Aqua иSafri Duo |
Настап кој го отвора натпреварот | Olsen Brothers со "Fly on the Wings of Love" и "Walk Right Back" |
Шоуто го отвориле Olsen Brothers со мал дел од нивната победничка песна Fly on the Wings of Love, а потоа следел нивниот последно издадена песна „Walk Right Back“ која била тогашен хит во Данска. Водители биле данската новинарка и ТВ-водителка Натасја Кроне Бак и познатиот дански глумец Серен Пилмарк.
Франција, Грција и Словенија биле големите фаворити за победа, но како што се одвивало гласањето, трката за победа била помеѓу домаќинот Данска и Естонија. На натпреварот победи Естонија која ја претставуваше Танел Падар, Дејв Бентон и XXL со песната Everybody напишана од Ивар Муст и Мајан-Ана Кармас, која освои вкупно 198 бода. Земјата-домаќин, Данска, го освои второто место со 177 бода. На третото место беше Грција со 147 бода, а со тоа и најдобриот пласман на Евровизија на Грција дотогаш. Франција го зазеде четвртото место со 142 бода, а Шведска со 100 бода го освои петтото место.
Дејв Бентон кој е роден и израснат на Аруба, бил првиот црнец, а воедно, на возраст од 50 години и 101 ден за време на победата, и најстариот човек кој победил на Евровизија. Исто така, тоа беше првпат да победи источноевропска земја, една од Балтичките држави, како и држава од поранешниот СССР.