Дравидски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дравидските јазици се јазично семејство кое се состои од приближно 85 јазици со вкупно 217 милиони говорници.[1] Се говорат претежно во јужна и делови од источна и средна Индија како и североисточна Шри Ланка, Пакистан, Непал, Бангладеш, Авганистан, Иран и од иселениците во земји како Малезија и Сингапур. Највеќе говорници имаат телушкиот, тамилскиот, канадскиот и малајалскиот. Постојат и мали групи на признаени родовски заедници што живеат во зафрлени краишта и говорат други дравидски јазици. Многумина сметаат дека дравидските јазици се автохтони на Индија. Првите пишани сведоштва за нив се натписи што датираат од VI век п.н.е. Од сето семејство, само два јазика се говорат исклучиво вон Индија: брахујскиот и дангарскиот, кој е дијалект на курушкиот. Дравидски топоними се среќаваат долж северозападното крајбрежје на Махараштра, Гоа, Гуџарат, и во помала мера во Синд. Граматичко влијание од дравидските јазици (како што е клузивноста) се забележува во маратски, конканскиот, гуџаратскиот, марвари, и помалку, во синдски. Од ова може да се заклучи дека дравидските јазици некогаш биле многу позастапени ширум Индискиот Потконтинент.[2][3]
Дравидски | |
---|---|
Географска распространетост: | јужна Азија, претежно јужна Индија |
Класификација: | едно од главните јазични семејства во светот |
Прајазик: | прадравидски |
Гранки: |
северни
централни
јужни
|
Ethnologue: | 1282-16 |
ISO 639-2 и 639-5: | dra |
Распространетост на дравидските јазици |