Доцен среден век
From Wikipedia, the free encyclopedia
Доцниот среден век е период од европската историја од 14 до 16 век (околу 1300-1500). На доцниот среден век му претходел Развиениот среден век и по тоа следувал почетокот на Раниот нов век (и во поголемиот дел од Европа, ренесансата).
Доцен среден век Европа и Средоземјето | |||
---|---|---|---|
|
Околу 1300 година, вековите на просперитет и подем во Европа прекинале. Серија на масовен глад и чуми како Масовниот глад од 1315-1317 и Црната смрт, го намалиле бројот на населението за половина.[1] Заедно со депопулацијата дошло до социјални немири и ендемско војување. Франција и Англија доживеале сериозни селски востанија: Жакеријата во Франција, Селанското востание во Англија, како и меѓусебните конфликти во Стогодишната војна. Како додаток на многуте проблеми во овој период, унијата во Римокатоличката црква била распарчена со Западниот раскол (раскол). Заедно овие настани некогаш се нарекуваат и Кризата во Доцниот среден век.[2]
И покрај овие кризи, 14 век бил период на голем напредок во уметноста и науката. Како резултат на обновениот интерес за грчките и римските текстови кој започнал во Развиениот среден век, почнала италијанската ренесанса. Апсорбирањето на латинските текстови започнало пред ренесансата на 12 век пред контактите со Арапите за време на Крстоносните војни, но достапноста на важните грчки текстови се зголемила со освојувањето на Цариград од страна на Османлиското Царство, кога голем број византиски учени луѓе кои морале да бегат на Запад, особено во Италија.[3]
Во комбинација со навлегувањето на класичните идеи било пронаоѓањето на машината за печатење која го олеснила ширењето на пишаниот збор и го демократизирала учењето. Овие две нешта подоцна ќе ја предводат протестантската реформација. Кон крајот на периодот, започнало времето на Големите географски откритија. Со подемот на Османлиското Царство, што кулминирал со падот на Цариград во 1453 година, ги уништило последните остатоци од Византија и го прекинал трговските врски со истокот. Европејците биле приморани нови трговски линии, како во случајот со Кристофер Колумбо во Америка во 1492 година и Васко да Гама во Индија и Африка во 1498 година. Нивните откритија ја зајакнале економијата и моќта на европските нации.
Промените донесени со овие настани натерало многу учени луѓе да го сметаат тоа за крај на средниот век и за почетокот на модерната историја и Раниот нов век во Европа. Сепак поделбата се смета за вештачка, бидејќи древното учење никогаш вистински не било отсутно од европското општество. И според тоа имало континуитет во развојот помеѓу антиката (прекукласичната антика) и модерното време. Некои историчари, особено во Италија, не сакаат да зборуваат за Доцниот среден век воопшто, туку да го гледаат како премин од Развиениот среден век до ренесансата и Новиот век.