![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/81/Dlaboka_River_Valley_in_Macedonia.jpg/640px-Dlaboka_River_Valley_in_Macedonia.jpg&w=640&q=50)
Длабока Река
река во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Длабока Река (албански: Proi i Fel) — река во западна Македонија, лева притока на Рибничка Река, која пак е десна притока на Радика[3]. Буковите шуми во нејзиното течение се прогласени за светско наследство на УНЕСКО[4]. Извира под високите врвови на Кораб, образувајќи стрмна долина која претставува единственото место со алпска клима во Македонија[5].
Кратки факти Длабока Река, Место ...
Длабока Река | |
---|---|
![]() Долината на Длабока Река со Корапскиот Водопад во позадина | |
Место | Општина Маврово и Ростуша |
Најблиска паланка | Гостивар, Дебар |
Прогласено | 19 април 1949 |
Управно тело | Национален парк Маврово |
Службен назив: Букови прашуми во Карпатите | |
Тип: | Природно[1] |
Критериуми: | ix |
Прогласено: | 31 јули 2021 (2021-07-31)[2] |
Затвори
На неа се наоѓа познатиот Корапски Водопад, највисокиот водопад во Македонија од 136 метри, кој се јавува под врвот Мал Кораб во пролетните месеци со топењето на снегот.
Реката тече покрај напуштеното село Жужње, па во клисурата под селата Нистрово и Бибање и потоа се влева во Рибничка Река.