Дисбург
град во Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Дисбург (германски: Duisburg, долногермански: Duisborg) — град во западниот дел на областа Рур (Ruhrgebiet) во Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Тој е слободен град во рамките на административниот округ Диселдорф. Со светски најголемото речно пристаниште и близината до меѓународниот аеродром Диселдорф, Дисбург станал важно место за трговија и производство на челик.
Дисбург | ||
Внатрешно пристаниште Дисбург | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Северна Рајна-Вестфалија | |
Адм. подрач. | Диселдорф | |
Округ | Урбан Округ | |
Градски единици | 7 окрузи, 46 населби | |
Градоначалник | Sören Link (СПД) | |
Владејачки партии | СПД / Зелени | |
Основни податоци | ||
Површина | 233 км2 | |
Надм. височина | 31 м | |
Население | 495.885 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 2.128 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | DU | |
Пошт. бр. | 47001–47279 | |
Повик. бр. | 0203 | |
Портал | www.duisburg.de | |
Местоположба на град Дисбург во рамките на округот Урбан Округ | ||
Координати | 51°26′6″N 6°45′45″E |
Денес, градот е производ на бројните припојувања на соседните градови и помали населби. Тој е петнаесетти најголем град во Германија и петти најголем град во Северна Рајна-Вестфалија со 495.668 жители до 31 декември 2007. Градот е познат по неговата челична индустрија. Последниот преостанат јагленокоп е затворен во летото 2009, но Дисбург никогаш не бил рударски центар за јаглен како останатите места во Рур. Исто така, големата пиварница, König Brauerei, која го произведува пивото Кениг Пилзенер. Универзитетот Дисбург-Есен, со 33.000 студенти, се наоѓа на 10-то место најголеми германски универзитети.