Меѓународниот аеродром во Диселдорф (German: Flughafen Düsseldorf International) (IATA: DUS, ICAO: EDDL) e трет најголем аеродром во Германија.
Со преку 17,8 милиони патници превезени во 2007 година само аеродромот во Франкфурт и аеродромот во Минхен имаат превезено повеќе патници во Германија. Е втор по важност аеродром за Луфтханза. Луфтханза нуди преку 300 летови на ден (53 одредишта) од и до Диселдорф. Започнувајќи од мај 2008, Луфтханза ќе започне и прекуокеански летови од Диселдорф. На аеродромот има преку 750 слетувања и полетувања во еден ден. Аеродромот е сместен на некои 9 км оддалеченост од центарот на Диселдорф.
Аеродромот располага со две писти, едната долга 3000 метри и другата долга 2700 метри. Сегашниот терминал може да обработи околу 22 милиони патници годишно. Aeродромот може да го прими и најголемиот авион на светот, Airbus A380, а Луфтханза планира да го користи како помошен аеродром во случај на невреме на аеродромот во Франкфурт.
„Аеродром Диселдорф“ води овде. За аеродромот во Менхенгладбах, видете Аеродром Диселдорф-Менхенгладбах.
Кратки факти Меѓународен аеродром Диселдорф Flughafen Düsseldorf International, Општо ...
Извори: Passenger Traffic, ADV[2] German AIP at EUROCONTROL[3]
Затвори
Аеродромот беше отворен на 19 април 1927 година. Во 1950 година, пистата беше продолжена на 2750 метри, и во 1969 продолжена на 3000 метри. На 11 април 1996 година, na покривот на еден од терминалите настанува пожари при што загинуваат 18 луѓе, главно од задушување од чад, а многу други се хоспитализирани. Во 1999 година е поставена основата на нова подземна гаража, додека на 12 ноември 2007 година, првиот Airbus A380 слета на аеродромот во Диселдорф.