Дигитална уметност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дигитална уметност е општ термин за низа разновидни уметнички практики кои користат дигитална технологија. Други синоними кои се користат се компјутерска уметност и мултимедијална уметност. Дигиталната уметност е дел од пошироката категорија на уметност во нови медиуми.[1] [2]
Дигиталната технологија влијае врз трансформирање на традиционалните уметнички техники како сликарството, цртежот и скулптурата, истовремено создавајќи и нови уметнички форми, како што се нет уметност, дигитална инсталациска уметност, и виртуелна реалност, кои веќе се прифатени уметнички практики.[3] Во поширока смисла, поимот "дигитална уметност" се користи за означување на современа уметност што користи методи на масовно производство или дигитални медиуми.[4]