уметност на денешно време, почнувајќи со поп-арт и концептуална уметност From Wikipedia, the free encyclopedia
Под современа уметност подразбираме уметност која ја создаваат современиците и онаа уметност која ја перципираат современици, и бидејќи не постои цврста рамка за современо, така не постои правило за нејзина пристапност и временска ограниченост. Слични значења во овој контекст имаат и поимот актуелна уметност и англискиот поим contemporary art.
Овој поим се употеребува за да се избегнал изразот модерна уметност. Во секојдневниот говор под поимот модерно, па и помодно го подразбираме онаа што моментално може да им се допадне на повеќето луѓе, а што може да се замени со изразот современо. Овие изрази го претставуваат онаа што го донесува времето во кое живееме. Стручно, во контекстот на уметноста и на историјата на уметноста изразот модèрна се спојува со одредена епоха во историјата на уметност, но без временското заклучување. Особено во поимот постмодèрна повеќе не се јавува значењето примерено на времето. Под поимот современа уметност и современост не се подразбира некој одреден уметнички стил који би имал одредени одлики, траење ниту кој се спојува со формата во уметноста или пак одредени техники. Современата уметност може да биде сликарство кое се одомаќинило во последните години или децении, но под тој поим можеме да подразбираме и видеоуметност, концептуална уметност и уметност која се создава со помош на компјутер. Современата уметност не е одлика само на некое уметничко дело туку и на тешко разграничен културен и економски систем во уметничкото производство кои се ориентирани кон претприемништвото и уметничкиот пазар. Многу музеи и уметнички галерии денес претставуваат уметнички изложбени места за современата уметност. Што се однесува на поимите современа и актуелна уметност, актуелно не значи дело кое е создадено вчера — тоа мора да има денешно значење.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.