From Wikipedia, the free encyclopedia
Девендра Банхарт (роден на 30 мај 1981 во Хјустон, Тексас, САД) е фолк рок пејач-текстописец и музичар. Банхартовата музика се класифицира како инди фолк, психо фолк[1], натурализмо или како New Weird America; текстовите му се често надреални.
Девендра Банхарт | |
---|---|
Девендра Банхарт во 2005 | |
Основни податоци | |
Родено име | Девендра Банхарт |
Роден(а) | 30 мај 1981
Хјустон, Тексас, САД |
Потекло | Сан Франциско, Калифорнија, САД |
Жанр(ови) | Њу-Фолк New Weird America Инди Фолк Психо фолк Фрик фолк Натурализмо |
Инструменти | Вокал Гитара |
Години на активност | 2002 - сегашност |
Продукциска куќа/ќи | hinah Young God Records XL Recordings |
Банхарт пораснува во Венецуела. Со популарност се здобива додека живее во Сан Франциско откако го посетува тамошниот Институт за Уметност. Неговата популарност се зголемува кога почнува да снима за Young God Records, во Њујорк Сити. Моментално живее во Лос Анџелес.
Банхарт е 'откриен' од Мајкл Гира, кој и го издава неговиот албум Oh Me Oh My.... Во 2005 година, Банхарт (заедно со Енди Кебик и Revolver USA) ја создава музичката продукциска куќа Gnomonsong.
Банхартовата песна "There's Always Something Happening" се појавува на компилацискиот албум составен за доброотворни цели од Натали Портман на iTunes.
Во 2008 година Збирка уметнички дела на Банхарт е изложена заедно со слики на познатиот швајцарски сликар Пол Кле во Музејот за модерна уметност на Сан Франциско. Изложбата е насловена "Апстрактни ритми".
Банхартовиот музички стил често се споредува со оној на Марк Болан, текстописецот и пејачот на психо-рок групата од 60-тите Т-Рекс.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.