Дарко Соколов (роден на 8 мај 1986 во Кочани) — македонски кошаркар и поранешен репрезентативец, кој настапува за Еуро Никел 2005 во Првата кошаркарска лига на Македонија.

Кратки факти Дарко Соколов, Позиција ...
Дарко Соколов
ПозицијаБек
Висина1,89 м
Тежина88 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубЕуроникел 2005
Број6
Роден8 мај 1986(1986-05-08)(38 г.)
Кочани, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2001–
Клубови
2001–2003Балкан Стил
2003Центар
2004Поло Трејд
2004–2006Вардар
2006Босна
2006АМАК СП
2007Химик Јужни
2007–2008Струмица 2005
2008-2009Фени Индустри
2009МЗТ Аеродром
2009Работнички
2010-2013Фени Индустри
2013-2015Работнички
2015-2017Карпош Соколи
2017-2019МЗТ Аеродром
2019-Еуро Никел 2005
Репрезентација
Инфо од: 29.09.2019.
Затвори

Клупска кариера

Младинска кариера

Младинската кариера ја започнал во младинската школа на Кочани Деликатес, каде играл од 1995 до 1999 година. Во 1999 година, бил избран за кадет на годината. Потоа се префрлил во школата на Балкан Стил.

Професионална кариера

Својата професионална кариера ја започнал во 2001 година во Балкан Стил каде играл две сезони. Во првата половина од сезоната 2003/2004 играл во КК Центар од Скопје,[1] додека во втората половина настапувал во Поло Трејд од Струмица. За сезоната 2004/05, потпишал за Вардар 2000. Во август 2005 година, Соколов бил на проба во Ефес Пилсен од Истанбул, но се вратил во Македонија и ја одиграл целата сезона во Вардар. Во сезоната 2006/07, Дарко Соколов ја започнал својата меѓународна кариера, потпишувајќи за КК Босна од Сараево. Како играч на Босна одиграл 4 АБА натпревари и настапувал во нивниот дрес до октомври.[2] Следен клуб му бил АМАК СП во Првата македонска лига 2006/07. Со АМАП СП, во натпревар со три продолженија против Вардар Осигурување, Соколов постигнал 45 бода. Негов рекорд на еден натпревар.[3] Во охридскиот клуб не останал долго бидејќи во почетокот на јануари 2007 година, Дарко се преселил во украински Химик Јужни,[4] каде стигнале до полуфиналето на тамошното првенство. За сезоната 2007/08, се вратил во Струмица 2005 и играл една сезона односно сè до распадот на клубот.[5] Во 2008 година, потпишал за Фени Индустри каде играл сè до почетокот на Суперлигата,[6] за потоа префрлајќи се во МЗТ Аеродром.[7] Во 2009 година, потпишал за Работнички, но поради финансиската криза што го тресела клубот,[8] во втората полусезона го засилил Фени Индустри,[9] притоа освојувајќи го Првенството и Купот таа сезона. Исто така, со Фени го освоил Првенството и Балканската лига во 2011 година.[10] Во Фени играл сè до сезоната 2012/13 и повторно заиграл за Работнички од сезоната 2013/2014 кога истата сезона со клубот станал вицепрвак во Лигата.[11] Во 2015 година, со Работнички го освоил Купот на Македонија.[12][13] Со истата екипа, тој стигнал до полуфиналето во Првенството 2014/2015.[14][15] Соколов во август 2015 година по истекот на договорот го напуштил Работнички и потпишал за Карпош Соколи.[16][17] [18] Во јуни 2016 година, Соколов потпишал нов договор со Карпош Соколи.[19] Со Карпош Соколи, Соколов го освоил Купот на Македонија 2017. Поради финансиската криза во Карпош Соколи, Соколов во ноември го напуштил клубот и се преселил во МЗТ Аеродром.[20][21] За сезоната 2018/19, Соколов ја продолжил соработката со МЗТ.[22][23] Таа сезона, Соколов го освоил македонското првенство. Во септември 2019, во пресрет на сезоната 2019/20, Соколов по третпат потпишал за Еуро Никел 2005 (бивш Фени Индустри).[24] За сезоната 2020/21, во средината на јули 2020 година, тој потпишал едносезонски договор со кој ја продолжил соработката со Еуро Никел 2005.[25][26]

Репрезентативна кариера

Thumb
Соколов во репрезентивниот дрес

Соколов има учествувано на Европското Првенство под 20 години - Б Дивизија 2006 во Лисабон каде со репрезентацијата го освоил среброто. Учествувал на Евробаскетот 2009 во Полска, освојувајќи го деветтото место со репрезентацијата. Во Литванија за време на Евробаскетот 2011, со репрезентацијата биле сензација на турнирот кога со освоиле четвртото место. На Евробаскетот 2013 го освоиле 21. место. Квалификациите за Евробаскетот 2015 започнале со помладена репрезентација во која учествувал и Соколов,[27] воедно обезбедувајќи пласман за континенталното првенство.[28][29] За време на завршниот турнир 2015 во Загреб - Хрватска, Соколов одиграл три напревари и постигнал два бода (0,7 по натпревар).[30] Соколов не бил повикан за подготвителните и квалификациските натпревари за Евробаскетот 2017.[31] Соколов бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021.[32]

Успеси

Титули

Македонија Струмица 2005

Македонија Еуроникел 2005

Македонија Работнички

Македонија Карпош Соколи

Македонија МЗТ Аеродром

Признанија

  • Најдобар млад кошаркар за 2005 година[33][34][35]
  • Најдобар млад кошаркар за 2006 година[36][37]
  • Особен придонес во сезоната 2010/11[38]
  • Eurobasket.com - Најкорисен играч на сезоната 2010/11 во БИБЛ
  • Eurobasket.com - Бек на сезоната 2010/11 во БИБЛ
  • Eurobasket.com - Европски играч на сезоната 2010/11 во БИБЛ
  • Eurobasket.com - Втора најдобра петорка на сезоната 2013/14
  • Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2013/14
  • Eurobasket.com - Трета најдобра петорка на сезоната 2014/15
  • Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2014/15
  • Eurobasket.com - Особен придонес во сезоната 2014/15
  • Особен придонес во сезоната 2017/18[39]

Надворешни врски

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.