Далечинско гледање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Далечинско гледање (Remote Viewing - RV) се однесува на обидот да се дојде до информации од далеку или за нешто што не се гледа во моментот, со употреба на паранормална или вонсетилно восприемање. Од „гледачот на далечина“ се очекува да даде информација за предмет кој е скриен од неговото видно поле или е на некоја голема далечина.[1][2][3] Овој термин е првпат употребен од парапсихолозите Расел Тарг и Харолд Путхоф во 1974 година.[4]
Далечинското гледање станува популарно во 1990-тите години, откако се прикажани пред јавноста документите поврзани со Старгејт проектот, програма за истражување вредна 20 милиони долари спонзорирана од владата на САД за пронаоѓање на каква било потенцијална употреба на паранормалните појави за потребите на војската. Оваа програма е укината во 1995 година, како невредна за разузнавачката служба.