Гумно
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гумно – рамно и широко место каде што се врши жито, обично со коњи.[1] Вообичаено гумното се наоѓа на отворено, поретко во затворен простор. Главно е земјено, а во планинските предели може да биде поплочено со камени плочи и опкружено со камено ѕидче. На гумното житото се врши рачно (со вршило) или со стока (коњи, волови, магариња и друго) која може да биде врзана за столб во средината на гумното кој се нарекува стожер.