![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/57/Garbo_in_Inspiration.jpg/640px-Garbo_in_Inspiration.jpg&w=640&q=50)
Грета Гарбо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грета Гарбо (18 септември 1905 — 15 април 1990) — шведска актерка од периодот на холивудскиот нем филм, како и за време на неговата златна доба.
Кратки факти Грета Гарбо, Роден(а) ...
Грета Гарбо | |
---|---|
![]() Грета Гарбо во филмот Инспирација од 1931 | |
Роден(а) | Грета Ловиса Густафсон[1] 18 септември 1905[2] ![]() |
Починал(а) | 15 април 1990(1990-04-15) (возр. 84)![]() |
Националност | Шведско-американско |
Занимање | Глумецка |
Активен период | 1921 — 1941 |
Потпис | |
Страница gretagarbo.com |
Затвори
Се сметала за една од најголемите и најтаинствени филмски ѕвезди што некогаш се појавиле на филмскиот екран. Гарбо трипати била номинирана за наградата Оскар за најдобра филмска глумица и добила Почесен оскар во 1955 година "за нејзините сјајни и незаборавни изведби на сцена"[3] и е рангирана на петтото место на списокот на најголеми глумици во историјата од страна на Американскиот филмски институт.[4] Според Гинисовата книга на рекорди, Гарбо била прогласена за "најубавата жена што некогаш живеела на земјата".[5]