Греамова Земја (англиски: Graham Land) — крак на Антарктичкиот Полуостров северно од линијата што ги поврзува ’ртовите Џереми и Агасис.
Наречена е по британскиот поморски офицер Џејмс Греам, Прв лорд на адмиралштабот во времето на истражувањето на нејзината западна страна од Џон Биско во 1832 г. Теирторијалните граници се водат според договорот меѓу комисиите за антарктички имиња на Британија и САД од 1964 г., каде воедно е усвоено името „Антарктички Полуостров“ за главниот поулостров на Антарктикот, како и Палмерова Земја за неговиот јужен дел. Границата се протега приближно 69° ЈГШ. На неа полагаат право Аргентина, Британија и Чиле.
Греамовата Земја е најблискиот дел на Антаркикот до Јужна Америка.[1] Сè до откритијата на британската експедиција до 1934–37 г., се сметало дека се работи за архипелаг наместо за полуостров.[2] Планините на Грамовата Земја се последната поголема верига од Кордиљерите, која се состои од речиси непрекината низа венци која го образува западниот „’рбет“ на Северна, Средна и Јужна Америка, како и самиот Антарктик.
Планина
- Брејдинг — 7 км источно од североисточниот агол на морскиот ракав Ларсен.
Други имиња
Аргентинците подрачјето го нарекуваат Светимартинова Земја (Tierra de San Martín)[3], а северниот остров (Троичкиот) го нарекуваат исто така (Península Trinidad) или Троичка земја (Tierra de la Trinidad). Чилеанците го целиот Антарктички Полуостров го нарекуваат Охигинсова Земја (Tierra de O'Higgins).[3]
Знаменитости
- Итар Пејо — нунатак (вид чука), наречен по македонскиот народен јунак, мариовецот Итар Пејо, кој бугарската антарктичка комисија го наведува како бугарски.[4]
Поврзано
- Чилеанска антарктичка територија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.