Геолошки топографски институт на САД

From Wikipedia, the free encyclopedia

Геолошки топографски институт на САД

Геолошкиот топографски институт на САД (англиски: United States Geological Survey, крат. USGS)[3] — научна служба на владата на САД. Се заминава со проучување на топографијата на САД, нивните природни ресурси и осознавање на природните опасности што им се закануваат. Дејноста на институтот е распоредена на четири поважни полиња: биологијата, географијата, геологијата и хидрологијата. Геолошкиот топографски институт е организација задолжена за осознавање на факти и нема надлежност врз прописи и регулативи.

Кратки факти Геолошки топографски институт на САД, United States Geological Survey ...
Геолошки топографски институт на САД
United States Geological Survey
Thumb
Амблем
Thumb
Службено обележје
Податоци за органот
Основан 3 март 1879
Седиште Рестон, Вирџинија
Вработени 8.670 лица (2009)
Годишен буџет 1,1 милијарди долари[1]
Раководител Марша Мекнат[2]
(директор)
Матичен орган Министерство за внатрешни работи
Мрежно место
usgs.gov
Затвори

Како служба во состав на Министерството за внатрешни работи на САД (со сосем поинаква надлежност од македонскиот истоименик), ова е единствениот негов огранок што се занимава со научна дејност. Во институтот работат околу 8.670 лица,[4] а седиштето се наоѓа во Рестон (Вирџинија). Поважни филијали има и во Лејквуд (Колорадо) и Менло Парк (Калифорнија).

Мотото на установата гласи „Science for a changing world“ („Наука за свет кој се менува“).[5]

Историја

Институтот е основан како одговор на извештај од Националната академија на науките со законски акт на Конгресот, донесен на 3 март 1879. Новооснованата установа била задолжена со „класификација на државното земјиште и испитување на геолошкиот состав, минералните ресурси и производите во општествена сопственост.“ Главен двигател на задачата била неопходноста од попишување на огромните површини стекнати со купувањето на Луизијана во 1803 и Американско-мексиканската војна во 1848.

При неговото основање, првиот директор на институтот, Кларенс Кинг, го составил со обединување на различни неповрзани регионални геодетски служби По кратко време на директорското место го наследил Џон Весли Пауел.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.