Род (граматика)
поим во граматиката / From Wikipedia, the free encyclopedia
Граматичкиот род е една од граматичките категории на именките. Тоа е систем кој е присутен кај повеќето јазици во светот. Честа поделба на именките според родот е на именки од машки, женски и среден род. Покрај таа поделба, застапена е и поделбата само на именки од машки и женски род, како и поделбата меѓу живи и неживи именки. Кај неколку јазика, граматичкиот род се определува според значењата или атрибутите на именките, како што е полот на пример. Сепак, кај повеќето јазици семантичката поделба е само делумно валидна, бидејќи постојат голем број примери каде граматичкиот род и нивното значење не се совпаѓаат (на пример во македонскиот именката 'судија' е од женски род, а значењето е од машки род). Во ваквите случаи определувањето на родот е врз основа на морфолошките и фонолошките одлики на именката.
Една одлика за родот на именките е тоа што тој мора да одговара со родот на придавката или заменката која е во непосредна близина. Покрај тоа што именките и останатите зборовни групи одговараат по род, тие одговараат и по број и падеж. Кај јазиците што имаат падежи, падежот се одредува според родот на именките.
Граматичкиот род е присутен кај најголем број индоевропски јазици (освен некои, као на пример персискиот), но и кај најголем број од семитските, афроазиските, дравидските, североистичните кавкаски, нигер-конгоанските и австралиските јазици. Граматичкиот род е најчесто отсутен кај алтајските јазици, австронезиските, синотибетските, уралските и староседелските американски јазици.[1]