Заменка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Заменките (латински: pronomen) сочинуваат една од неменливите зборовни групи. Заменките се зборови кои ги заменуваат именките или именските фрази. Зборот кој заменката го заменила се нарекува претходник.
Повеќе информации Примери ...
Примери |
---|
|
Затвори
За подобро илустрирање на функцијата на заменките е земена следната реченица:
- „Марија му го дала моливот на Петар“.
Сите именки во оваа реченица може да се заменат со соодветна заменка и се добива следното:
- „Таа му го дала тоа на него.“
Реченицата со заменки е тешко разбирлива и не може лесно да се одреди што сака зборувачот да каже, освен ако именките не биле споменати во претходните реченици од текстот или разговорот.