образовна единица при Универзитет „Св, Кирил и Методиј“, Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia
Градежниот факултет - Скопје е дел од државниот универзитет Св.Кирил и Методиј од Скопје, Р Македонија. Основан е во 1949 година. Градежниот факултет е јавна високообразовна установа која врши високообразовна, научноистражувачка и применувачка дејност од областа на градежништвото и геодезијата, вклучувајќи ги сите подрачја што им припаѓаат.[1] Приоритетна задача на Факултетот е да организира додипломски, последипломски и докторски студии и да врши пренесување знаења во стопанските и на нестопанските дејности и да дава креативни кадри за стопанството и за јавните служби. Во учебната 2006-2007 година на факултетот студираат 856 студенти.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Вид | Државен |
---|---|
Основан | 1949 |
Студенти | 856 (за 2006/07 г.) |
Место | Скопје, Република Македонија |
www.gf.ukim.edu.mk |
Во 1949 година, во истата година кога е формиран Универзитетот во Скопје, основан е и Техничкиот факултет со два оддела − Градежен и Архитектонски.
Во почетокот требаше да се обезбеди наставно−соработнички кадар, да се набави опрема, да се оформи библиотека. Беа мобилизирани вредните расположливи кадри школувани вон земјата. Биле доведени веќе афирмирани специјалисти од дефицитарните области од други републики, набавувана е опрема и литература. По пет години добиени се почетните плодови: првите дома школувани дипломирани градежни инженери ги напуштија факулетските амфитеатри и предавални и ги засилиле градежните претпријатија, проектантските бироа, истражувачките организации… Тогаш веќе беше полесно и за факултетот, зашто се збогатија можностите и за сопствено кадровско екипирање.
Студиите почнуваат есента 1949 година. Наставата се држи во адаптиран дел на денешната зграда, тогаш во градба, што е целосно завршена дури во 1953 година. Во почетоког наставата ја изведуваат осум наставници и тројца соработници од факулетот и наставници од други факултети од Скопје, како и од Белград и од Загреб.
Во тешките услови на растежот на Градежниот факултет во Скопје, а особено во првите 10 години, се вложуваат усилби за оспособување сопствен наставен и соработнички кадар. Со текот на времето факултетот расте и јакне. Кадровската структура постојано се збогатува, а јакне и материјалната база.
Неполни десет години по формирањето, Градежниот оддел доби помлади браќа: под покривот на Техничкиот факултет отворени се и Машински, Електротехнички и Технолошки оддел, со кои дел од општите наставни дисциплини во првите две години се организирани заеднички. Веќе во 1965 година Техничкиот факултет се покажа како гломазен и е поделен на три факултета. Еден од нив е Архитектонско−градежниот, со два Оддела − Архитектура и Градежен.
Добрата кадровска екипираност, порастот бројот на студентите, што студираат градежништво во Скопје не само од Македонија, туку и од други југословенски републики и од странство, зголемувањето обемот на научноистражувачката и апликативната дејност, наметнале потреба од прерастнување на Градежниот оддел на Архитектонско−градежниот факултет во самостоен Градежен факултет, што е остварено во 1975 година. Истовремено е извршена и внатрешна реорганизација, која во новонастанатите услови има цел да ја зголеми ефикасноста на работењето. Наставната, научната и апликативната дејност се обединети во единствен процес, чија организација и изведување, наместо на дотогашните катедри, му е доверена на шест институти.
Формирано е и едно Одделение − за математика, а некоја година подоцна уште едно − Електронски пресметувачки центар. Во согласност со новата организациона поставеност и со потребите на градежната оператива, на постојните три насоки − конструктивна, хидротехничка и насока за патишта и железници, додадена им е уште една − за организација и механизација во градежништвото.
Значаен момент во развојот на факултетот претставува отворањето на Геодетскиот оддел во 1977 година, со студии од прв степен (денес се означува како VI1 степен) со што се овозможи школување на геодетски инженери, кои во нашата земја беа дефицитарни. Со осамостојувањето на Република Македонија нагласена е потребата од отворање студии за геодезија и од VII1 степен, кои и се неопходни на нашата држава.
Развивајќи широка активност на сите полиња од својата дејност − наставната, научноистражувачката и апликативната − Факултетот образува квалитетни високостручни и научни кадри, кои лесно се вклопуваа во практичната работа на градежната оператива, во проектантските организации, во заводите, во институтите… Истовремено факултетот го усовршува и го специјализира и сопствениот кадар, оспособувајќи го за решавање и на најсложени проблеми. На тој начин се надминува потребата од работа во институти, та од 1995 година целокупната дејност се одвива со 14 специјализирани катедри:
Во изминатиов период Градежниот факултет постојано ја проширува, унапредува и ја збогатува дејноста а приспособувајќи се на светските текови и стандарди, како и на потребите на стопанството и општествената заедница. Насавните планови и програми за студиите за градежништво и геодезија постојано се усовршувани во сообразност со напредокот на науката и техниката, а од друга страна и во согласност со промените што настанувале во нашето општество, како и со потребите на градежништвото. Повеќепати се менувани и усовршувани системите на студирањето и методите на наставата. Благодарение на таквата политика, дипломираните инженери од овој факулотет се покажаа како добри стручњаци и се добро прифатени не само кај нас, туку и во светот.
За што поквалитетно и понагледно извршување на наставнообразовниот процес, научноистражувачката и апликативната работа, во рамките на одделни катедри има повеќе добро опремени лаборатории. Да ги споменеме лабораториите за геотехника, за бетонски конструкции, за челик, за хидротехника, за патишта и железници.
Важна алка во синџирот на нашата работа претставува Електронскиот пресметувачки центар. Тој на Градежниот факултет има долга традиција. Во просториите на факултетот уште пред повеќе од три децении работеше компјутерскиот центар на Природно−математичкиот факултет, во кој на машината IBM се обучуваа и кдрите на факултетот. Самостоен центар е формиран во 1977 година, опремен со тогаш современата машина PDP. Кои потоа беа заменети со два компјутери VAX/VMS, со графичка станица HP (еден VAX и графичката станица се заеднички со Архитектонскиот факултет) за во денешно време да се преобрази во две училници опремени со лични сметачи, и центар со три сервера кои ги опслужуваат со интернет врска не само компјутерите во училницата туку и сите компјутери во кабинетите на наставниот и техничкиот кадар. Центарот е важна алка во синџирот на факултетската работа, без која не може да се замисли одвивање на наставната, научноистражувач-ката и апликативната дејност.
На факултетот големо внимание му е посветувано на стручното и научното усовршување на кадарот. Од преку стоте вработени, 70 се наставници и соработници, повеќето магистри и доктори на науки. Добар дел од нив, научно се усовршуваа на познати светски универзтитети, пренесувајќи ги потоа позитивните и напредни сознанија во нашата средина. Сево ова е подлога за успешно изведување на трите меѓусебно поврзани дејности на факултетот − наставно образовната, научно истражувачката и применувачката.
Адресата на факултетот е: Бул. Партизански одреди 24, Скопје
Улога и задачи на Факултетот се: пренесување знаења, организирање студии, развој и промоција на образованието и науката, развој на креативните способности, подготвување на студентите на занимања за кои е потребна примена на научни откритија и стручни знаења, поттикнување на технолошкиот развој, развој на уметностите, техничката култура и спортот и напредокот на општеството во кое човекот ја презема одговорноста за својата сопствена иднина.
Улогата и задачите Факултетот ги остварува со:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.