Горно Татеши
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Горно Татеши — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Горно Татеши | |
Координати 41°15′37″N 20°40′37″E | |
Општина | Струга |
Население | 619 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 26013 |
Надм. вис. | 701 м |
Горно Татеши на општинската карта Атарот на Горно Татеши во рамките на општината | |
Горно Татеши на Ризницата |
Селото се наоѓа во северните предели на Струшкото Поле.
На крајот на XIX век, селото било дел од Струшката нахија на Охридската каза на Отоманското Царство.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 160 жители муслимани.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Татеши (Горно и Долно) живееле 750 жители, од кои 450 Албанци и 300 Македонци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Татеши (Горно и Долно) е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 48 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Албанци.[5]
Селото броело 633 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле 869 жители.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 1.148 жители, од кои: 1 Македонец, 1.144 Албанци, 1 Влав и 2 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 619 жители, од кои 1 Македонец, 601 Албанец, 1 Турчин, 1 останат и 15 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 750 | — | 517 | 584 | 633 | 719 | 807 | 4 | 869 | 1.148 | 619 |
Горно Татеши е албанско село.
Родови во селото се: Тела, Ава, Таири, Џелка, Мерсими, Шабани, Диша, Арслани, Брава и Селмани. Просечно секој род има по 10 куќи. Сите родови потекнуваат од двајца браќа (Диша и Али) кои се доселиле околу 1830та година од селото Слатино, Голо Брдо. Нивниот трет брат тогаш се населил во селото Долно Татеши.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.