From Wikipedia, the free encyclopedia
Средно општинско училиште (СОУ) - Гимназија „Мирче Ацев“ ― гимназија која се наоѓа во Прилеп, Општина Прилеп.
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ | |
![]() | |
![]() Училишната зграда во 2022 година | |
Место | |
Општина: | Прилеп |
Место: | Прилеп |
Адреса: | Ул. „Ѓорче Петров“ бр. 96А |
Основни информации | |
Основано: | 20 јануари 1945 |
Директор: | Весна Михаиловска |
Број на ученици: | 730 |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Портал | gimprilep.edu.mk |
По предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ, на своето заседание одржано на 3 ноември 1944 година во Горно Врановци, донел решение на територијата на Македонија да бидат отворени 9 гимназии. Со тоа, една била планирана во Прилеп.[1]
Гимназијата со работа започнала на 30 јануари 1945 година, кога бил одржан првиот наставнички совет под раководство на првиот директор по ослободувањето, професорот Стеван Шапчески. Советот решил за име на Гимназијата да бидат предложени имињата на Мирче Ацев и Пере Тошев, а од Народнослободителниот одбор прифатен бил предлогот Гимназијата да го носи името на народниот херој Мирче Ацев. На 1 февруари 1945 година, започнала да биде изведувана наставата во старата училишна зграда на сегашното Основно училиште „Кочо Рацин“.[1]
Во првата учебна година, Гимназијата започнала да работи како Полна гимназија (I-VIII) клас, а наставата се изведувала според наставен план и програма на мајчин македонски јазик. Поради зголемениот број на запишани ученици во наредните учебни години, бил почуствуван недостиг на училишен простор, така што во април 1947 година, започнала изградбата на нова гимназиска зграда во Тризла Маало наспроти Тутунскиот комбинат, и за две години, поточно во второто полугодие од учебната 1949/50 година Полната Гимназија „Мирче Ацев“ била преместена во новата зграда - каде што и денес се наоѓа, со 31 просторија за изведување на настава, фискултурна сала, спортски игралишта, канцелариски и други простории.[1]
Во учебната 1953/54 година, настанале нови организационо-структурални промени во гимназијата, така што останале само вишите класови, а нижите и прогимназиите се слеани во основните осумгодишни училишта. Името Виша гимназија го носела до учебната 1957/58 година, за потоа да стане 4 класно училиште за општо образование - гимназија.[1]
Во 1959 година, било извршено измена на наставните планови и програма од страна на Советот за просвета на НРМ. Со тие промени Гимназијата на младинците од 15-19 години им давала сигурни, широко стручни и научни знаења од областа на јазикот и книжевноста, другите општествени науки, од техниката и културата и друго, со цел да ги подготви учениците со предзнаења за да можат успешно да ја следат наставата на универзитетско ниво. Со цел да биде извршена благовремена професионална ориентација на младите гимназијалци, била воведена нова организација во наставата, односно реформирана четврто-класна Гимназија (I, II, III и IV клас) поделена во две насоки: општествено-јазична и природно-математичка.
Гимназијата „Мирче Ацев“ во учебната 1983/84 година била преобразена во т.н. Училишен центар за општествено-техничка и медицинска насока, со 920 ученици од гимназијата „Мирче Ацев“ сместеми во 29 парарелки и 58 вработени и Медицинско училиште со 350 ученици во 10 паралелки и 17 вработени. Тогаш уписот за прва година бил вршен по изборна програма, според следните струки и занимања:[1]
Воведувањето на новиот концепт на насочено образование и неговите промени во наредните години, веројатно не ги дало очекуваните резултати, така што во 1993 година Училишниот центар за општествено-техничка и медицинска насока „Мирче Ацев“, преминал во Гимназија „Мирче Ацев“ со паралелки за општа и природно-математичка гимназија, во согласност со промената на Законот за насочено образование.[1]
Почнувајќи од учебната 2001/2002 година, во Гимназијата „Мирче Ацев“ е применуван наставниот план за гимназиско образование што е донесен на ниво на Македонија.[1]
Наставниот план е структуиран од 3 организациско-содржински компоненти:
Во прва година не постојат изборни програми, што значи наставата во прва година е иста за сите ученици во гимназиското образование.
Во втора година ученикот избира еден предмет од листата на изборни предмети:
Во трета година ученикот се определува за едно од следните изборни подрачја:
За секое изборно подрачје во трета и четврта година се утврдени листи на изборни премети Архивирано на 11 јуни 2012 г. врз основа на логичките и функционалните односи помеѓу сродните научни дисциплина, со што на секој ученик му се дава можност да се развива во оној правец во кој ги покажува и изразува своите желби, интереси, способности, како и да се информира и подготви за соодветни студии.
Проектните активности се посебно подрачје во Наставниот план чија што функција е задоволување на индивидуалните интереси и желби на ученикот во одделни области, односно да се поттикне креативноста на учениците, со цел да дојдат до израз нивните афинитети и индивидуални способности. Поради својата специфичност, тие се разликуваат од наставните предмети и затоа се реализираат во рамките на годишниот фонд на часови (70 часа годишно). Во Гимназијата застапени се следните проектни активности: Иновации и претприемништво, Мир, толеранција и заштита, Урбана култура, Литературен клуб, Драма и драмска секција, Училишен весник, Дебатен клуб, Активности од областа на музиката (хор, оркестар), Ликовно творечки активности, Спортски активности, Природни науки -физика, хемија, биологија, математика, информатика, географија.
Секоја година учениците од Гимназијата „Мирче Ацев“ учествуваат на многубројни регионални, државни и меѓународни натпревари од различни области и секогаш постигнуваат успеси со освоени, први, втори и трети места. Во учебната 2011/2012 година се постигнати следните успеси:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.