From Wikipedia, the free encyclopedia
Димитар Димески (Прилеп, 28 септември 1940 - Велес, 7 јули 2004 ) — историчар, редовен професор на Филозофскиот факултет – Скопје [1].
Основно и средно образование завршил во Прилеп. Дипломирал на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во 1964 година. Од 1966 година станал асистент на Филозофскиот факултет. Докторирал во 1979 година, бил избран за доцент, вонреден професор во 1985 година и редовен професор во 1990 година.
Ја проучувал историјата на македонското револуционерно ослободително движење од Илинденскиот период. Објавил над 200 библиографски единици. Автор е на 10 монографии. Бил раководител на Институтот за историја и на Советот на постдипломски студии. Член е и претседател на повеќе редакции на научни списанија и зборници. Дописен член на ДНУ во Битола (1983) и ДНУ во Прилеп (1984).
На 100 годишнината од смрта на Гоце Делчев, Димески објавил јубилејна монографија за овој великан на македонското револуционерно движење. Во текот на текот на презентацијата на оваа дело Димески истакнал:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.