![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/9d/RNA-codons_mk.svg/langmk-640px-RNA-codons_mk.svg.png&w=640&q=50)
Генетски код
From Wikipedia, the free encyclopedia
Генетскиот код или генетско упатство — група правила со кои информацијата закодирана во генетскиот материјал (ДНК или иРНК-низи) се транслира во белковинии (низи од аминокиселини) од страна на живите клетки. Тој е универзален, присутен е во клетките на сите видови живи организми, па дури и кај вирусите.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/9d/RNA-codons_mk.svg/640px-RNA-codons_mk.svg.png)
Кодот одредува како низите од три (тројки) нуклеотиди, означени како кодони, специфицираат која аминокиселина ќе биде додадена следна за време на синтезата на белковини, со други зборови кодонот го одредува нивниот редослед. Со одредени исклучоци,[1] тринуклеотиден кодон во низа од нуклеинска киселина специфицира една аминокиселина. Поради тоа што повеќето гени се закодирани со точно истиот код (види ја табелата на кодони на РНК), овој особен код често се нарекува каноничен или стандарден генетскки код, или едноставно генетски код, иако, всушност, еволуирале некои варијантни кодови. На пример, синтезата на белковини во човечките митохондрии е во врска со генетски код кој се разликува од стандардниот.
Не сета генетскка информација е зачувана во генетскиот код. ДНК на сите организми содржи регулаторни низи, меѓугенски сегменти, хромозомски структурни области и друга некодирачка ДНК која може значително да придонесе за особините на фенотипот. Овие елементи дејствуваат под раководството на група правила кои се разликуваат од парадигмата кодон-до-аминокиселина која го опишува дејството на генетскиот код.