![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/c/cb/Gaetano_Scirea_-_Capitano_della_Juventus_FC.jpg/640px-Gaetano_Scirea_-_Capitano_della_Juventus_FC.jpg&w=640&q=50)
Гаетано Ширеја
италијански фудбалер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гаетано Ширеја (роден на 25 мај 1953 година во Чернуско сул Навиљо - починал на 3 септември 1989 во Бабск) — поранешен италијански фудбалски тренер и фудбалер, играч од одбраната.
Гаетано Ширеја | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 25 мај 1953(1953-05-25) | ||
Роден во | Чернуско сул Навиљо, Италија | ||
Починал на | 3 септември 1989(1989-09-03) (возр. 36) | ||
Починал во | Бабск, Полска | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | &100000000000001780000001,78 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 1988 (35 г.) | ||
Младинска кариера | |||
1963–1967 |
![]() | ||
1967–1972 |
![]() | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1972-1974 |
![]() | 58 | (1) |
1974-1988 |
![]() | 377 | (24) |
Репрезентација ‡ | |||
1975-1986 |
![]() | 78 | (2) |
† Учества (Голови). |
Играл на позицијата либеро, на која е препознат од спортскиот печат како еден од најголемите толкувачи во фудбалската историја,[1][2][3][4][5][6] а во исто време и икона на коректност и елеганција.[1][2][3][4][6][7]
Тој бил еден од симболите на Јувентус на тренерот Џовани Трапатони на преминот меѓу 1970-тите и 1980-тите години, како и негов капитен од 1983 до 1988 година. Ширеја заедно со голманот Дино Ѕоф, покривачот Клаудио Џентиле и бекот Антонио Кабрини - сите тројца негови клупски и репрезентативни другари -, формирале една од најдобрите одбранбени линии во историјата на овој спорт.[8] Со бјанконерите тој освоил седум титули шампион на Италија, станувајќи во исто време, заедно со веќе споменатиот Кабрини, прв играч кој ги освоил сите клупски натпреварувања на УЕФА;[9] тој, исто така, долго време го држел рекордот на настапи во историјата на клубот од Торино, со 552 натпревари.[N 1] Во дресот на италијанска репрезентација станал светски шампион на Мундијалот во 1982.
Во 2011 година, постхумно бил примен во Куќата на славните на италијанскиот фудбал.[11]