Куќа на славните на италијанскиот фудбал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Куќата на славните на италијанскиот фудбал претставува иницијатива со постојан карактер, промовирана од страна на италијанската фудбалска федерација (ФИГК) и фондацијата Museo del Calcio. Основана е во 2011 година и сместена во Коверчано.
Куќа на славните на италијанскиот фудбал | |
---|---|
Жанр | Фудбал |
Локација | |
Земја | ![]() |
Седиште | Коверчано |
Општи податоци | |
Основана | 2011 |
Куќата на славните има за цел да ги собере наследството, историјата, културата и вредностите на италијанскиот фудбал.[1] Секоја година се додаваат нови играчи, тренери и спортски директори, во категориите Италијански играч, Италијански тренер, Италијански ветеран, Странски играч, Италијански судија, Италијански извршен директор и исто така се доделуваат Признанија за меморија. Во 2014 година, е додадена категоријата Женски фудбал,[2] потоа преименувана во Италијанска фудбалерка,[3] а во 2018 година била уведена наградата за фер-плеј, именувана во спомен на Давиде Астори, како и специјална награда.[4]