Војна на Втората коалиција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Војна на Втората коалиција (1798 – 1802) — втората војна против револуционерна Франција од страна на повеќето европски монархии, предводени од Британија, Австрија и Русија, вклучувајќи ги и Отоманското Царство, Португалија, Неапол и разни германски монархии, иако Прусија не се приклучила на оваа коалиција, а Шпанија ја поддржала Франција.
Војна на Втората коалиција | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Француските револуционерни војни и Коалициските војни | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Втора коалиција:
Свето Римско Царство (до 1801)
Велика Британија (пред 1801) Кралство Неапол (до 1801)
| Француска Република Шпанија Полски легии Француски сестрински републики:
|
||||||
Команданти и водачи | |||||||
|
|||||||
Жртви и загуби | |||||||
200.000 убиени и ранети 140.000 заробени[1] | 75.000 убиени во борба 140.000 заробени[2] |
Општата цел на Британија и Русија била да го задржат ширењето на Француската Република и да ја обноват монархијата во Франција, додека Австрија, која сè уште била ослабена и во длабок финансиски долг од војната на Првата коалиција, првенствено се обидувала да ја врати својата позиција и да излезе од војната посилна отколку што влегла.[3] Поради оваа разлика во стратегијата меѓу трите главни сојузнички сили, Втората коалиција не успеала да го собори револуционерниот режим и биле потврдени француските територијални придобивки од 1793 година.[3] Во Франко-австрискиот Договор од Луневил во февруари 1801 година, Франција ги задржала сите свои претходни придобивки и добила нови територии во Тоскана, Италија, додека на Австрија и биле доделени Венеција и далматинскиот брег. Повеќето други сојузници, исто така, потпишале одделни мировни договори со Француската Република во 1801 година. Велика Британија и Франција го потпишале Амјенскиот договор во март 1802 година, а потоа и Османлиите во јуни 1802 година, што донело интервал на мир во Европа што траел неколку месеци додека Британија не објавила војна против Франција повторно во мај 1803 година. Обновените непријателства ќе кулминираат со војната на Третата коалиција.