војсководец, често слично на владетел кој имал административни и воени функции From Wikipedia, the free encyclopedia
Војвода (потекнува од старословенскиот јазик, со буквално значење „оној кој предводи воини“ или „воен водач“) — словенска титула кој првично го именува главниот командант на воените сили.
Изразот постепено почнал да се однесувал на управувач на покраина, област, а областа под управна власт на војводата се нарекува Војводство. Во англискиот јазик, изразот војвода честопати се преведува како принц, а во словенската терминологија рангот на војвода во некои случаи се изедначува со германската титула херцог. Денес во Полска, изразот војвода се однесува на управник на покраина, односно војводство.
Титулата се користела во средновековна Македонија, Бугарија, Србија, Босна, Хрватска, Чешка, Грција, Трансилванија, Полска, Русија, Молдавија, Влашка, Риген [1] и др. Во средновековни кнежевства Молдавија и Влашка, терминот војвода станал дел од официјалните титулари на суверениот принц, и го означувале правото за раководење на цела армија. Војвода или вајда исто така бил титула на унгарскиот упраниците на Трансилванија во средниот век.
Најпосле, во Отоманското Царство, водачите на ајдутите и на комитските чети на Балканскиот Полуостров се нарекувале војводи.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.