Волково (Прилепско)

село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia

Волково (Прилепско)map

Волково — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Волково
Thumb
Thumb
Волково
Местоположба на Волково во Македонија
Волково на карта

Thumb

Координати 41°18′6″N 21°34′5″E
Општина Прилеп
Население34 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО20018
Волково на општинската карта
Thumb

Атарот на Волково во рамките на општината
Волково на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Волково Село е сместено во јужниот дел на Република Македонија. Од Прилеп селото е оддалечено 6 км јужно. Волково Село се наоѓа на источниот обод на Пелагонија. Селото е сместено на североисточните падини на Селечка Планина. Надморската висина на селото е приближно 780 метри. Климата во селото е планинска заради нагласената надморска висина.

Историја

Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948163    
1953161−1.2%
1961148−8.1%
197179−46.6%
198179+0.0%
ГодинаНас.±%
199133−58.2%
199441+24.2%
200242+2.4%
202134−19.0%
Затвори

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Волково живееле 98 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Волково имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Влаково е претставено како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 14 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Волково живеат 42 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 34 жители, од кои 33 Македонци и 1 Албанец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 98 96 163 161 148 79 79 33 41 42 34
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Волково е македонско православно село, сите родови во селото се доселнички.

Родови во Волково се:

  • Доселеници: Дурлевци (13 куќи) од Мало Рувци прешле во Чумово, а од таму во Волково. Во Чумово нивни роднини се Батковци, го знаат следното родословие: Лазар (жив на 41 г. во 1954 година) Ордан-Ристе-Јосиф-Митре, кој се доселил; Мрсевци (4 куќи) доселени се после родот Дурлевци исто така од Чумово; Пашаќулевци (2 куќи) за нив се вели дека шетале насекаде (Небрегово, Дреново, Прилеп) овде дошол предокот Ристе во 1900 година; Томевци (1 куќа) доселени се од селото Галичани, во Галичани и Беровци имаат истоимени роднини; Деловци (3 куќи) доселени се од Прилепец во 1910 година. Таму имаат истоимени роднини.[11]

Општествени установи

Thumb
Црквата „Вознесение Христово“

Црква „Вознесение Христово“ - Волково

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1433 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 26 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.

Од родот Мрсевци има иселеници во Прилеп (две семејства). Од родот Дурлевци има иселеници во Лагово и Прилеп. Дурлевци се иселени во Старо Лагово. Родот Чурлиновци е изумрен, биле доселени однекаде.[11]

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.