Воднобожуровидни
From Wikipedia, the free encyclopedia
Воднобожуровидни (науч. Nymphaeales) — ред на растенија кој опфаќа три фамилии: водните божури и уште две фамилии на водни растенија. Ова е еден од трите реда на базални скриеносеменици во рамките на цветните растенија.
Воднобожуровидни
Кратки факти Воднобожуровидни Период: рана креда - денес, Научна класификација [ у ] ...
Воднобожуровидни Период: рана креда - денес | |
---|---|
Египетски воден божур (Nymphaea lotus) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
Ред: | Воднобожуровидни Salisb. ex Bercht. & J.Presl[1] |
Семејства | |
Cabombaceae |
Затвори
Сите видови се ризомни водни билки со широки листови.
Групата се одликува со барем 10 морфолошки фенотипски особености.[2] Познати се и молекуларни синапоморфии.
Класификациите признаваат 70 вида,[3] но филогенетските испитувања на родот воден божур (Nymphaea) укажува на тоа дека групата може да има и над 90 вида.[4] Разликата во набројувањето на видовите се должи на потешкотиите при разграничувањето на видовите во родот водни божури.