Владимир Светиев
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Владимир Светиев (Свето Митрани, Крушевско, 14 јули 1945 – Битола, 1 ноември 2013 ) — еден од најекспонираните македонски глумци и долгогодишен првенец на Македонскиот народен театар.
Владимир Светиев | ||
Роден | 14 јули 1945
Свето Митрани, ДФ Македонија, ДФЈ | |
---|---|---|
Починал | 1 ноември 2013 68) Битола, Македонија | (возр.|
Познат | по улогите во: Црвениот коњ Истрел Време на летала Записник Македонска сага | |
Занимање | глумец |
Светиев е роден на 1 јули 1945 година во крушевското село Свето Митрани. Тој бил меѓу 15-ината студенти на Илија Џувалековски и дипломирал во 1971 година на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Загреб, каде што професорот организирал наставен модел кој им овозможил предметите Глумечка игра и Сценски говор со техника на глас да ги учат на својот мајчин јазик. Во 1971 година Светиев влегол во ансамблот на Драмата на МНТ, дебитирајќи во пиесата на Бранко Пендовски „Под пирамидата“. Таму го поминал сиот работен век, а повремено гостувал и во другите македонски театри. Две сезони поминал во Милхајм, Германија, во Театарот на Ромите „Пралипе“.
Одиграл шеесетина улоги и во историјата на македонската глума е впишан како еден е од најнаградуваните глумци: добитник е на дури пет награди за најдобри театарски остварувања на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977, 1988, 1990, 1991 и 2002), на Наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело во 2012 година, и на наградите „11 Октомври“ и „13 Ноември“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.