From Wikipedia, the free encyclopedia
Тајната книга — македонски филм во холандско-француска копродукција[1] во режија на Владо Цветановски, а по сценарио на Јордан Плевнеш и Љубе Цветановски. Тјери Фремон, Жан-Клод Кариер, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Ѓорѓи Јолевски и Лабина Митевска се јавуваат во главните улоги. Снимањето на филмот започнува во 2002 година, а претпремиерата ја има четири години подоцна[2].
„Тајната книга“ | |
---|---|
плакат од филмот | |
Режисер | Владо Цветановски |
Продуцент | КТВ Медија Димитар Николов |
Сценарист | Јордан Плевнеш Љубе Цветановски |
Главни улоги | Тјери Фремон Жан-Клод Кариер Владо Јовановски Мето Јовановски Ѓорѓи Јолевски Лабина Митевска Трајче Иваноски Лилјана Велјанова Александар Чамински Кирил Ристоски Петар Темелковски Владимир Светиев Петар Мирчевски |
Премиера | 2006 |
Времетраење | 93 мин |
Земја | Македонија |
Јазик | Македонски Француски |
Приказната за филмот е заснована врз потрагата по „Тајната книга“, книга напишана на глаголско писмо. „Тајната книга“ се претпоставува дека ги содржи основите на богомилското верување, познато исто така и како катарство. Богомилите, прогонувани од страна на црквата, ја напуштаат нивната татковина и почнуваат да се селат кон северозапад, ширејќи го нивниот начин на живот и размислување секаде каде што оделе и преку Босна, Далмација, северна Италија, стигнуваат до југот на Франција, каде што тие (познати како катари) ја оформуваат својата нова татковина.
Снимањето на филмот минува низ три етапи, на различни локации, во согласност со барањата на приказната:
Исклучителните глумци дадоа нивен особен печат на овој филм кој беше подготвен и снимен од страна на широка меѓународна екипа.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.