Вестерланд (Германија)
место во општината Зилт / From Wikipedia, the free encyclopedia
Вестерланд (германски: Westerland; дански: Vesterland; зелриншки: Wäästerlön’) — населено место во рамките на општината Зилт, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн и главно средиште на островот Зилт во Северното Море. Од 1905 до 2008 година поседувал градски права.
За други истоимени места, погледајте Вестерланд.
Кратки факти Земја, Местоположбата на Вестерланд во рамките на општината и на округот ...
Вестерланд | |
Место во Зилт | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Северна Фризија |
Град | Зилт |
Основни податоци | |
Површина | 10,45 км2 |
Надм. височина | 5 м |
Население | 9.032 (31 декември 2007) |
- Густина | 864 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NF |
Пошт. бр. | 25969–25980 |
Повик. бр. | 04651 |
Портал | www.gemeinde-sylt.de |
Местоположбата на Вестерланд во рамките на општината и на округот | |
Координати | 54°54′36″N 8°18′27″E |
Затвори
Единствено помалите општини Лист, Венингштет-Брадеруп и Кампен се наоѓаат посеверно од него во Германија. Од 1 јануари 2009 година претставува дел од општината Зилт. Се наоѓа 70 километри северозападно од Хузум, 74 километри западно од Фленсбург, 134 километри северозападно од Кил и 186 километри северозападно од Хамбург.
Благодарение на неговиот богат, гламурозен живот и растечкиот туризам, Вестерланд го добил прекарот „Беверли Хилс“ во Германија.[1]