Кил
град во Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кил (германски: Kiel) — главен и најнаселен град во северната германска покраина Шлезвиг-Холштајн, со население од 240.832 жители (2014 г.).
Кил | |
Воздушен поглед на градот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Урбан округ |
Градски единици | 18 окрузи |
Градоначалник | Улф Кемпфер (СПД) |
Владејачки партии | СПД / Зелени |
Основни податоци | |
Површина | 118,60 км2 |
Надм. височина | 5 м |
Население | 246.601 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 2.079 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | KI |
Пошт. бр. | 24103–24159 |
Повик. бр. | 0431 |
Портал | www.kiel.de |
Местоположба на градот Кил во Шлезвиг-Холштајн | |
Координати | 54°19′31″N 10°8′26″E |
Кил е приближно 90 километри северно од Хамбург. Поради неговата географска положба во северниот дел на Германија, во југоисточниот дел на полуостровот Јитланд и на југозападниот брег на Балтичкото Море, Кил станал еден од главните поморски центри на Германија. На пример, градот е познат по големиот број настани во меѓународното едрење, вклучувајќи ја и годишната Килска недела, што е најголемиот настан во едрење во светот. Олимписките натпревари во едрење на Летните олимписки игри во 1936 и во 1972 биле одржани во Кил.[2]
Кил, исто така, е еден од традиционалните домови на балтичката флота на германската морнарица и продолжува да биде голем технолошки бродоградбен центар. Во Кил се наоѓа Институтот за поморски науки Лајбниц (IFM-GEOMAR) на Килскиот универзитет. Кил е важен поморски сообраќаен центар, благодарејќи на неговата положба на Килскиот Фјорд и на најпрометниот вештачки воден пат во светот, Килскиот Канал. Голем број на патнички фериботи сообраќаат до Шведска, Норвешка и други земји оттука. Покрај тоа, денес пристаништето Кил е важно пристаниште за тргнување на бродовите за крстарење низ Балтичкото Море.
Во 2005 година, БДП-то по глава на жител во Кил бил 35.618 €, над германскиот национален просек и 159 % од просекот на Европската Унија.[3]
Во рамките на Германија и делови од Европа, градот е познат по неговиот водечки ракометен клуб, Кил. Градот е дом на Килскиот универзитет (основан во 1665 година).