Ватикански музеи (италијански: Musei Vaticani) — една од најголемите музејски установи од овој вид во светот, каде се изложени уметнички дела од огромната збирка собрана од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во XVI век, односно во 1506 година. Систинската капела и Рафаеловите одаи (Stanze della Segnatura) се на патеката на посетителите низ музеите.

Кратки факти Основан, Место ...
Ватикански музеи
Musei Vaticani
Thumb
Thumb
Основан1506
МестоВатикан
Посетеност4.310.083 (2008[1])
ДиректорАнтонио Паолучи
Мреж. местоПортал
Затвори

Во 2007 година, музеите ги посетиле 4.310.083 луѓе[1].

Основање

Thumb
Скалила во Ватиканските музеи.

Основањето на Ватиканските музеи се поврзува со една мермерна скулптура купена пред 500 години. Скулптурата „Лаокон и синовите“ била откриена во едно лозје близу до базиликата „Голема Богородица“ во Рим. Папата Јулиј II ја откупил статуата од сопственикот на лозјето и ја изложил во Ватикан. Од тоа време изложбата постојано се проширувала.

Ликовна галерија

Збирката најпрвин била сместена во Домот на Борџија, а во времето на Папа Пиј XI била изградена посебна зграда. Изложбата содржи слики на Микеланџело, Рафаел и Фра Анџелико.

Збирка на современа религиозна уметност

Збирката на современа религиозна уметност претставува слики и скулптури од познати автори, како што се Карло Кара и Џорџо де Кирико.

Скулптури

Една група на музеи претставуваат само скулптури:

Музеј на Пиј и Клемент

Thumb
Новото крило на музејот

Папа Клемент XIV го основал овој музеј во 1771 година и првобитно содржел ренесансни и антички дела. Неговиот наследник, папа Пиј VI ја проширил изложбата. Денес овој музеј изложува само скулптури од грчката и римската антика.

Има вкупно 54 галерии, од кои Систинската капела е последната и за да се дојде до неа мора да се минат претходните 53. Овие галерии изложуваат прекрасни скулптури, како што се „Заспаната Аријадна“, „Канделабрите на Барберини“, „Трите Грации“ и други.

Thumb
Авуст од Прима порта.

Музеј Кјармонти

Музејот е наречен според световното семејно име на папата Пиј VII, кој го основал во раните 1800-ти. Музејот се состои од голема засводена галерија во која се изложени неколку статуи, саркофази и фризи.

Грегоријански Етрурски музеј

Основан е од папата Грегориј XIII во 1836 година и има осум галерии со важни Етрурски дела од археолошки ископувања. Делата вклучуваат вазни, саркофаг, бронзи и збирката „Гулјеми“.

Египетски музеј

Основан е од папата Грегориј XVI и има голема збирка на староегипетски материјали, како што се папируси, мумии на животни, познатата збирка „Граси“ и познатата „Книга на мртвите“.

Други експонати

Thumb
Галеријата на географски карти.
  • Неколку слики од Караваџо вклучувајќи ја и познататата Погребување на Христос (1602 - 1603)
  • Портретот на Св. Јероним од Леонардо да Винчи
  • Слики од Фра Анџелико, Џото, Рафаел, Тицијан и други
  • Папскиот престол од црвен мермер, кој претходно бил сместен во базиликата Сан Џовани ин Латерано
  • Огромна збирка на слики и таписерии од Рафаел, вклучувајќи ги и Рафаеловите одаи
  • Систинската капела
  • Галеријата на географски карти - содржи топографски карти на цела Италија насликани на ѕидовите и долга 120м.
Thumb
На последната недела од секој месец посетата на Ватиканските музеи е бесплатна. Поради тоа луѓето чекаат со часови. Но, и во редовни денови редиците пред музејот се долги и се чека и по еден час.

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.