Википедија:Авторски права
From Wikipedia, the free encyclopedia
Текстот на Википедија е заштитен со авторски права (автоматски, под Бернската конвенција) од уредувачите на Википедија и е формално лиценциран во јавноста под една од неколкуте слободни лиценци. Повеќето од текстот на Википедија и многу од неговите слики се колиценцирани под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови 3.0 Нелокализирана (CC-BY-SA) и ГНУ-овата лиценца за слободна документација (без непроменливите делови, без текстот на предните корици, и без текстот на задните корици). Дел од текстот е импортитан под CC-BY-SA или CC-BY-SA-компатибилна лиценца и не може да биде употребуван под GFDL; таквиот текст ќе биде препознаен или на дното од страницата или во историјата на страницата или на страницата за разговор на статијата која го користи текстот. Секоја слика има страница за опис која ја покажува лиценцата под која е издадена или, ако е неслободна, објаснувањето за кое е искористена.
![]() |
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор. |
|
Лиценците кои Википедија ги користи даваат слободен пристап до нашата содржина во истата смисла по која слободниот софтвер е слободно лиценциран. Содржината на Википедија може да биде копирана, модифицирана и редистрибуирана ако и само ако копираната верзија е пристапна под истите услови до другите и ако е вклучено признание до уредувачите на Википедија како автори на статијата (врска назад до статијата се смета за доволна; видете подолу за повеќе детали). Содржината на Википедија која е копирана според тоа ќе остане слободна под соодветната лиценца и може да продолжи да се користи од секого со одредени ограничувања кои целат да ја продолжат таа слобода. Ова начело е познато како копилефт во контраст со типичните лиценци за авторски права. Од овде,
- Дадена е дозвола да се копира, дистрибуира и/или модифицира текстот на Википедија под условите на Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 Unported License и, освен ако е укажано поинаку, под условите на GNU Free Documentation License (без непроменливите делови, без текстот на предните корици, и без текстот на задните корици);
- Копија од оригиналниот текст на Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 Unported License е вклучена во скеција со наслов „Википедија:Текст на Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 Unported License“ (на англиски);
- Примерок од оригиналниот текст GNU Free Documentation License е вклучена во оддел со наслов „Википедија:Текст на GNU Free Documentation License“ (на англиски);
- Содржината на Википедија е покриена со услови за одрекување од одговорност.
Англискиот текст на CC-BY-SA и GFDL лиценците (кои соодветно се дадени погоре) е единственото правно обврзувачко ограничување меѓу авторите и корисницте на содржината на Википедија. Она што следува е интерпретација на CC-BY-SA и GFDL која ги објаснува правата и обврските на корисниците и придонесувачите.