Википедија:Одрекување од одговорност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Википедија е колаборативна онлајн енциклопедија со отворена содржина, т.е. таа е волонтерско здружение на индивидуалци и групи кои работат за да развијат заеднички извор на човеково знаење. Структурата на овој проект овозможува секој кој поседува интернет пристап да ја менува неговата содржина. Ве молиме бидете советувани дека не сѐ што ќе пронајдете овде е рецензирано од луѓе со стручноста која е потребна за да бидете снабдени со комплетни, точни, или проверливи информации.
Општо одрекување од одговорност – Употребувајте ја Википедија на сопствен ризик – Википедија не дава медицински совети – Википедија не дава правни мислења – Википедија содржи спорна и разоткривачка содржина
Не велиме дека нема да најдете вредни и прецизни информации на Википедија; поголем дел од времето ќе најдете. Сепак, Википедија не може да ја гарантира точноста на информациите пронајдени овде. Содржината на било која статија може да биде скоро променета, вандализирана или променета од некој чие мислење не е во совпаѓање со состојбата на знаење во релевантните полиња.
Задебелен текст=== Без формална рецензија === Ние работиме на начини на селекција и истакнување на веродостојни верзии на статии. Нашата активна заедница на уредувачи користи алатки како што се Специјални:СкорешниПромени и Специјални:НовиСтраници за набљудување на новите содржини и промените на веќе постоечките. Сепак, Википедија нема формална рецензија; иако читателите можат да поправаат грешки и да се вклучат во обична рецензија, тие немаат правна должност да го прават ова, што значи дека сета прочитана информација овде е без гаранција за исправност за било која цел или употреба.
Ниту еден од спонзорите, администраторите, луѓето кои придонесуваат или било кој поврзан со Википедија е во никој случај одговорен за каква било појава на неточна или дискриминирачка информација, или за Вашата употреба, или за информациите содржани во извори кои водат преку врска надвор од овие веб страници.