Бучиште
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
Бучиште — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Бучиште | |
Воздушен поглед на Бучиште | |
Координати 41°55′45″N 22°11′48″E | |
Регион | Источен |
Општина | Пробиштип |
Област | Осогово |
Население | 34 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21002 |
Надм. вис. | 330 м |
Бучиште на општинската карта Атарот на Бучиште во рамките на општината | |
Бучиште на Ризницата |
Името на селото првпат е забележано во XV век, кога биле наведени Горно и Долно Бучиште. Името може да означува „место обраснато со бука“ или пак „место каде што бучи водата“.[2]
Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од патот Пробиштип-Штип или Кочани и од десната страна на Злетовска Река.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 330 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 9 километри.[3]
До самото село поминува регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.
Атарот на селото не е голем и зафаќа простор од 4,9 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 224,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 215,6 хектари, а на шумите само 20,3 хектари.[3]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бучиште живееле 100 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бучиште имало 104 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци, 25 до 50 Власи.[6]
Селото е мало, но со натамошно намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 247 жители, а во 1994 година 84 жители, од кои 80 жители биле Македонци, а тројца Власи.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Бучиште живееле 68 жители, од кои 65 Македонци и 3 Власи.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 34 жители, од кои 29 Македонци и 5 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 100 | 104 | 185 | 223 | 247 | 168 | 135 | 103 | 84 | 68 | 34 |
Извадок од говор на жена од Бучиште на месната варијанта на поопштиот штипско-кочански дијалект | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Бучиште е македонско село.[13]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Кон крајот на XIX век, Бучиште било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Бучиште, се наоѓале и селата Гајранци, Гујновци, Зарапинци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.
Во селото постои избирачкото место бр. 1553 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 39 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 37 гласачи.[16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.