![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/9c/Flag_of_Brunei.svg/langmk-640px-Flag_of_Brunei.svg.png&w=640&q=50)
Брунеј на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Брунеј — првпат учествува на Олимписките игри во 1988 година, со единствен претставник но без спортисти. Оваа земја повторно учествувала на Летните олимписки игри во 1996, 2000 и 2004 година. На секоја олимпијада, ги претставувал еден спортист.[1] Брунеј никогаш не учествувал на Зимските олимписки игри, и никогаш нема освоено олимписки медал.
Брунеј на Олимписките игри | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||||
|
На Летните олимписки игри 2008 година, Брунеј првично планирале да учествуваат, но им било забрането да учествуваат на денот на церемонијата по повод отворањето на игрите бидејќи не регистрирали ниту еден спортист МОК.[2]
До 2010 година Брунеј, заедно со Саудиска Арабија и Катар, била една од трите земји кои никогаш немале испратено жеснки натпреварувач на Олимписките игри.МОК во 2010 година највил дека ќе ги „притисне“ овие земји да дозволат да се натпреваруваат и жени, и по кус период КОТ објавиле дека „се надеваат дека ќе испратат четири женски натпреварувачки по стрелаштво и мечување“ на Летните олимписки игри 2012 година Во Лондон.[1][3] На првите Младешки олимписки игри 2010 година, за кои како правило биле мешани екипи, делегација се состоела од две девојки.[4]
Во март 2012 година, Брунеј го информирала МОК дека има намера да ја прати Мазија Маусин да се натпреварува на игрите во Лондон. Иако Маусин не ги исполнувала потребните стандарди за да се квалификува на игрите, таа ќе учествува на игрите благодарение на мотото на игрите, кое гласи дека Националните олимписки комитети можат да пријават натпреварувачи кои не се квалификувале во одделните спортови.[5][6]
НОК на Брунеј бил создаден во 1984 година и признаен од МОК истата година.[7]