род на растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Брестови (науч. Ulmaceae) — семејство на цветни растенија во која спаѓаат дрва како брестот (Ulmus) и зелковата (Zelkova).[1] Членовите на семејството се застапени ширум умерениот појас, а во останатите краишта имаат проретчена расеана распространетост (освен во Австралазија).[2][3]
Брестови | |
---|---|
Полски брест (Ulmus minor) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Розовидни |
Семејство: | Брестови Mirb. |
Родови | |
Ampelocera Klotzsch |
Семејството опфаќа зимзелени и листопадни дрва и грмушки што содржат слузни лепливи материи во ткивото на листовите и кората. Листовите обично се наизменично распоредени на дршката и прости со мазни или различно назабени рабови, честопати со несиметрична основа. Цветовите им се мали и можат да бидат двополови или еднополови.[4] Плодот може да има крилест, оревест или јаткаст облик. Дрвата од овој род имаат важност како дрвен материјал за мебел. Црвениот брест (U. rubra) се користи како облагнувач при воспаленија на внатрешните органи. Брестот, водиот брест и зелковата се одгледуваат како украсни дрва.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.