германски природонаучник и биолог From Wikipedia, the free encyclopedia
Јохан Фридрих Гмелин (германски: Johann Friedrich Gmelin; 8 август 1748 – 1 ноември 1804 ) — германски природонаучник, ботаничар, ентомолог, херпетолог и малаколог.
Јохан Фридрих Гмелин | |
---|---|
Портрет на Гмелин | |
Роден(а) | 8 август 1748 Тибинген, Свето Римско Царство |
Починал(а) | 1 ноември 1804 56) Гетинген, Свето Римско Царство | (возр.
Националност | Германец |
Полиња | природонаучник, ботаничар и ентомолог |
Установи | Гетингенски универзитет Тибингенски универзитет |
Образование | Тибингенски универзитет |
Докторски ментор | Филип Фридрих Гмелин Фердинанд Кристоф Етингер |
Докторанди | Георг Фридрих Хилдербрант Фридрих Штромајер Карл Фридрих Килмајер Вилхелм Август Лампадиус |
Познат по | учебници |
Авторска кратенка (бот.) | J.F.Gmel. |
Белешки најстар син на Филип Фридрих Гмелин и татко на Леополд Гмелин |
Гмелин е роден во 1748 г. во Тибинген како син на професорот Филип Фридрих Гмелин. Студирал медицина кај татко му[1] на Тибингенскиот универзитет и магистрирал во 1768 г. со тезата Irritabilitatem vegetabilium, in singulis plantarum partibus exploratam ulterioribusque experimentis confirmatam., која ја одбранил пред комисијата на чело со Фердинанд Кристоф Етингер,[2]
Во 1769, Гмелин вонреден професор по медицина на Тибингенскиот универзитет, а во 1773 станал шпрофесор по филозофија и професор по медицина на Гетингенскиот универзитет. Во 1778 бил назначен за шеф на катедрата по медицина и професор по хемија, ботаника и минералогија in 1778. Починал во 1804 г. во Гетинген.
Издал неколку учебници од областа на хемијата, фармацевтиката, минералогијата и ботаниката. Во 1788 г. го изготвил и издал XIII издание на делото „Систем на природата“ од Карл Линеј.
Меѓу студентите на Гмелин се вбројуваат истакнати научни дејци како што се Георг Фридрих Хилдебрант, Карл Фридрих Килмајер Friedrich Kielmeyer, Фридрих Штромајер и Вилхелм Август Лампадиус. Татко на хемичарот хемичарот Леополд Гмелин.
Гмелин е откривач на американската штука (Esox americanus) во 1789 г.
На полето на херпетологијата опишал многу нови видови на водоземци и влекачи. Во малакологијата опишал и именувал бројни видови на полжавите.
Во негова чест е наречено растението Гмелинов пелин (Artemisia gmelinii).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.