From Wikipedia, the free encyclopedia
Велибор " Бора " Милутиновиќ (роден на 7 септември 1944 година) — српско-мексикански фудбалски трeнер и поранешен фудбалер.
Тој успеал да се квaлификува на пет изданија на Светските првенства во фудбал, исто како бразилскиот менаџер Карлос Алберто Пареира, но тоа го сторил на пет последователни Светски првенства со различни репрезентативни тимови. Тоа биле составите на: Мексико (1986), Костарика (1990), САД (1994), Нигерија (1998) и Кина (2002). Тој бил, исто така, и првиот тренер кој однел четири различни репрезентации подалеку од првиот круг - сите освен репрезентацијта на Кина - добивајќи го прекарот Чудотворец.[1] Овој прекар првпат му го дал Алан Ротенберг, тогашниот претседател на Фудбалската федерација на Соединетите Американски Држави. Во својата тренерска кариера Милутиновиќ раководел со вкупно осум фудбалски репрезентации.
Бора Милутиновиќ го предводел составот на Мексико до четврт-финалето на Светското првенство во фудбал во 1986 година. Тоа бил неговиот највисок дострел со една репрезентација. Селекцијата на Мексико загубила во четврт-финалето од репрезентацијата на Западна Германија и тоа по изведување на пенали.
Милутиновиќ ја презел селекцијата на Костарика непосредно пред Светското првенство на ФИФА 1990 година и ја донел до втората елиминациска фаза. Во 1990 година, Милутиновиќ бил ангажиран како селектор на Костарика само 90 дена пред почетокот на Светското првенство. Го променил капитенот и неколку стартни играчи. Селекцијата на Костарика успеала да ги победи репрезентациите на Шкотска и Шведска, а загубила од составот на Бразил со резултат од 1:0. Во елиминациската фаза репрезентацијата на Костарика загубила од селекцијата на Чехословачка со резултат од 4:1.[2]
Хенк Штајнбрехер, генералниот секретар на Фудбалската федерација на САД, ги спровел интервјуата за работа за селекторската позиција на репрезентацијата на САД. Американските тренери не ја покажале својата вредност на меѓународната сцена. Соединетите Држави ги загубиле сите три натпревари на Светското првенство во Италија во 1990 година под водство на тренерот Боб Ганслер. Кога потрагата по нов тренер на УССФ (Фудбалската федерација на САД) започнала во 1991 година, акцентот не бил ставен толку многу на искуството, туку на изнаоѓање тренер кој може да ја исцеди последната капка од потенцијалот на тимот. Името на Бора Милутиновиќ се појавувало како една од можностите за тренер на тимот.[3] Неговите претходни успеси со селекциите на Мексико и Костарика биле добар показател за неговиот евентуален избор.
Милутиновиќ не оставил никаков сомнеж за тоа кој го води тимот и кој го има одлучувачкиот збор. За наредното светско првенство ги отстранил двајцата играчи на САД, Питер Вермес и Дезмонд Армстронг како и неколку членови од одборот на националната федерација од неговиот тим. Милутиновиќ дополнително го отстранил и Брус Мареј, најдобриот стрелец на САД на сите времиња. Кога долгокосиот, Алекси Лалас, првпат се појавил во тренинг кампот, Милутиновиќ му рекол да се подстриже или да си замине од тимот.[2]
Милутиновиќ бил тренер на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави на Светското првенство во фудбал во 1994 година, одржано во САД. Уште од 1930-тите и почетоците на организација на светските првенства тоа било за прв пат САД да биде домаќин на финалниот турнир. Тоа било поздравено како успех за земјата со мало фудбалско искуство.
УССФ го отпуштила Милутиновиќ на 14 април 1995 година, велејќи му дека федерацијата сака некој кој може да биде и тренер, но и администратор. Милутиновиќ, наводно не сакал дел од административните обврски.[4]
Бора Милутиновиќ бил тренер на нигерискиот тим на Светското првенство во фудбал 1998 кое се одржувало во Франција.[5] Нигерија ја освоила својата група, постинувајќи победа од 3:2 над Шпанија. Репрезентацијата на Нигерија стигнала до нокаут фазата. Тоа бил четвртиот тим што Милутиновиќ го однел во нокаут рундите на Светските првенства, што било во тој момент и селекторски рекорд.[6]
Под водство на Милутиновиќ, за прв пат во историјата, кинеската фудбалска репрезентација се квалификувала помеѓу 32-те репрезентации за Светското првенство во 2002 година. Бора бил поздравен како херој во Кина, ставајќи крај на 44-годишнот неиграње на големи натпреварувања и поради тоа популарно бил познат како Милу. Сепак, за разлика од неговите претходни настапи, Милутиновиќ не можел да го одведе кинескиот тим во елиминациската фаза, најмногу поради кинеското неискуство на големата светската сцена.
Во летото 2003 година, Милутиновиќ бил во сериозни преговори за конечно да ја преземе репрезентацијата на неговата родна Србија. И покрај тешкото, едномесечно убедување од српските фудбалски функционери, Милутиновиќ ја одбил понудата и набрзо потпишал за репрезентацијата на Хондурас. Тој го водел тимот до првиот круг од квалификациите за КОНКАКАФ зоната пред да поднесе оставка на 30 јуни 2004 година. Како причина за неговото заминување, за време на квалификациите за Светското првенство, тој ја навел ,, лошата атмосфера која преовладува во репрезентацијата создадена од несовесните коментари дадени од страна на тренерите, официјалните лица и од печатените медиуми во земјата“.
На 16 ноември 2006 година, Милутиновиќ бил најавен за главен тренер на селекцијата на Јамајка. На 9 ноември 2007 година, по серијата од шест последователни пријателски порази, тој бил отпуштен од ФА (фудбалската асоцијација) на Јамајка.
Бора Милутиновиќ ја предводел фудбалската репрезентација на Ирак во групната фаза на Купот на конфедерации на ФИФА 2009 година. На тоа натпреварување постигнал два нерешени резултати и еден пораз, по што не успеал да стигне до нокаут фазата.
Менаџерската кариера на Милутиновиќ на клупско ниво евидентирала повеќе помешани успеси. Неговата најдолга тренерска кариера за еден клуб бил неговиот мандат во екипата на УНАМ Пумас од Мексико и тоа од 1977 до 1983 година. Неколку негови играчи од клубот на Пумас настапувале за репрезентацијата на Мексико на Светското првенство во 1986 година.
Оттогаш накратко раководел во неколку екипи. Тој на 9 натпревари во 1987 година го водел тимот од Калчото, екипата на Удинезе во италијанската Серија Б. Подоцна, тој успеал да го постигне најлошиот резултат во историјата на лигата и тоа во 1999 година, со екипата на Метростарс во Мејџор Сокер лигата. Милутиновиќ имал краток престој во Катарската старс лига во клубот Ал-Сад во сезоната 2004-05.
Години | Земја | Тим (*) | Одиграни натпревари
Он |
Победи
П |
Нерешени натпревари Н | Изгубени натпревари Из | % Проценти на победи | Постигнати голови
Пг |
Примени голови
Прг |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1977–1983 година | Мексико | УНАМ | 218 | 96 | 59 | 63 | 44 | 406 | 299 |
1983,1986,1995,1997 година | Мексико | Фудбалска репрезентација на Мексико | 106 | 52 | 32 | 20 | 50 | ||
1987 година | Аргентина | Сан Лоренцо де Алмагро | 8 | 4 | 4 | 0 | 50 | 8 | 2 |
1987 година | Италија | Удинезе Калчо | 9 | ||||||
1988 година | Мексико | Тибуронес Рохос де Веракрус | |||||||
1988–1989 година | Мексико | Текос УАГ | |||||||
1990–1991 година | Костарика | Фудбалска репрезентација на Костарика | 9 | 3 | 0 | 6 | 33.3 | 7 | 13 |
1991–1995 година | Соединети Држави | Фудбалска репрезентација на САД | 93 | 30 | 31 | 35 | 31.3 | 116 | 110 |
1997–1998 година | Нигерија | Фудбалска репрезентација на Нигерија | 11 | 3 | 2 | 6 | 27.3 | 10 | 22 |
1998–1999 година | Соединети американски Држави | Њујорк / Њу Џерси Метро старс | 33 | 5 | 3 | 25 | 15.2 | ||
2000–2002 година | Кина | Фудбалска репрезентацијана Кина | 46 | 20 | 11 | 15 | 43,5 | 75 | 50 |
2003–2004 година | Хондурас | Фудбалска репрезентација на Хондурас | 10 | 2 | 4 | 4 | 20 | 12 | 14 |
2004–2005 година | Катар | Ал Сад | |||||||
2006–2007 година | Јамајка | Фудбалска репрезентација на Јамајка | 6 | 1 | 1 | 4 | 16.7 | 5 | 14 |
2009 година | Ирак | Фудбалска репрезентација на Ирак | 4 | 0 | 3 | 1 | 0 | 1 | 2 |
(*) Репрезентации. Он: Одиграни натпревари; П: Победени натпревари; Н:Нерешени натпревари; Из: Изгубени натпревари; %: Процент на победи; Пг: Постигнати голови; Прг: Примени голови
Милутиновиќ потекнувал од фудбалско семејство. Тој и неговите двајца браќа Милош и Милорад играле заедно за екипата на Партизан.
Неговиот татко бил убиен во Втората светска војна, а мајка му починала од туберкулоза набргу по војната. Тој истакнал дека не се сеќава на ниту еден од неговите родители. Бора бил одгледан од тетка му, а израснал играјќи фудбал.[7]
Милутиновиќ бил оженет со државјанка на Мексико, а моментално живее во Катар. Течно зборувал англиски, шпански, италијански и француски, како и неговиот мајчин српскиот јазик.
Пумас УНАМ
Пумас УНАМ
Соединети Држави
Мексико
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.