ФК Партизан
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Партизан е фудбалски клуб од Белград. 27 пати ја има освоено шампионската титула (прво на СФРЈ, подоцна на Југославија и на крајот на Србија), а освојувач е и на 15 национални купови. Најголем успех на Партизан на европско тло е финалето во Купот на европските шампиони против мадридски Реал. По распадот на заедничката држава, Партизан е првиот клуб од Србија кој се има пласирано во Лигата на шампионите и кој ја има поминато фазата по групи во Купот на УЕФА, стигнувајќи до осминафиналето.
Партизан | |||
![]() | |||
Целосно име | Фудбалски клуб Партизан | ||
Основан | 1945 | ||
---|---|---|---|
Стадион | Стадион на Партизан | ||
Капацитет | 32.710 | ||
Претседател | Милорад Вучелиќ | ||
Тренер | Александар Станојевиќ | ||
Лига | Суперлига Србија | ||
2022-23 | 4. | ||
|
Оваа статија се однесува на фудбалскиот клуб Партизан од Белград. За терминот кој означува член на воена организација што војува на герилски начин, погл. Партизан.
Историја
Партизан е основан на 4 октомври 1945 година, како дел од Југословенското спортско друштво. Клубот сè уште е член на истото друштво, чие име денес е променето во Спортско друштво на Србија и кое брои 25 клубови во различни спортови, но е потполно независно во поглед на организација, управа, финансии, материјални средства и објекти.
На почетокот формиран е под закрила на Југословенската Народна Армија, поради што и самиот стадион на Партизан долго време го носи името Стадион ЈНА. Сепак, на почетокот на 1950-тите станува независен од војската. Првиот меѓународен натпревар, Партизан го одигрува на 6 декември 1946 година против ЦСКА Москва.
Моментално, боите на Партизан се црна и бела, иако првите 13 години дресовите им се во сино-црвена комбинација.
Навивачи
Навивачите на Партизан, познати под името Гробари, се организираат кон крајот на 1970-тите. Прекарот го добиваат од навивачите на нивниот најголем соперник – Црвена Ѕвезда - кои на ваков начин алудираат на воглавно црната клупска боја, која е сосема иста како облеката на гробарите.
За време на постоењето на СФРЈ, Гробарите, заедно со уште неколку навивачки групи на територијата на поранешна Југославија, важат за едни од најсложните и најпосветените навивачи; сепак, по распадот на заедничката држава, доаѓа до несогласувања во рамките на навивачката група, па од 1999 година, до денес постојано следат поделби.
Денес постојат три посебни групи: Јужен фронт, Гробари 1970 и Гробари Белград.
Стадион
Стадионот на Партизан е објект со најдолга спортска традиција во Југославија. Се наоѓа на местото каде пред почетокот на Втората светска војна, било сместено игралиштето на тогашниот шампион БСК – Белградски Спортски Клуб.
Непосредно по завршувањето на војната, започнува изградбата на модерен стадион токму на тоа место. На 9 октомври 1949 година на него е одигран првиот натпревар, и тоа меѓу Југославија и Франција (1:1) во квалификациите за Светското првенство 1950 година.
Од 1950-тите до 1987 година, стадионот се користи како цел на годишниот фестивал наречен „Ден на младоста“. На секој 25 мај, „Штафетата на младоста“ е предавана на Јосип Броз Тито, претседателот на Југославија, токму на Стадионот ЈНА.
Долго време, стадионот на Партизан прима 55.000 навивачи, бројка која многу често е и надминувана за време на поважните натпревари; сепак поради заострените критериуми на Меѓународниот фудбалски сојуз, стадионот е реконструиран во 1998 година, па по оваа интервенција гледалиштето е сведено на 32.710 места.
Награди и признанија
- Фудбалскиот клуб Партизан 27 патa бил шампион на Југославија: 1947, 1949, 1961, 1962, 1963, 1965, 1976, 1978, 1983, 1986, 1987, 1993, 1994, 1996, 1997, 1999, 2002, 2003, 2005, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012,2013, 2015, 2017
- Победник на Фудбалскиот куп на Југославија бил 15 пати: 1947, 1952, 1954, 1957, 1989, 1992, 1994, 1998, 2001, 2008, 2009, 2011, 2016, 2017, 2018
Во 1966 година, Партизан е вицешампион на Европа, а во 1978 година, победник на Средноевропскиот куп. Момчило Вукотиќ е рекордер по бројот на одиграни натпревари - 752, а рекордер по бројот на постигнати голови за црно-белите е Стјепан Бобек со 403 погодоци. За репрезентацијата на Југославија имаат настапено преку 130 Партизанови фудбалери, а повеќе од педесет натпревари во редовите на СФРЈ имаат одиграно Стјепан Бобек, Бранко Зебец, Златко Чајковски, Фахрудин Јусуфи, Милан Галиќ и Милутин Шошкиќ. За фудбалската репрезентација на Југославија Славиша Јокановиќ и Предраг Мијатовиќ ја имаат надминато таа бројка. Поранешниот играч на Партизан Саво Милошевиќ има одиграно 101 натпревар за репрезентацијата, што пак е апсолутен рекорд.
Пред распадот на Југославија, Партизан има шест пати победено со десет или повеќе дадени голови, а во две првенства има постигнато по повеќе од сто гола; Партизан го држи и рекордот за најмногу постигнати голови во рамките на југословенската прва лига со 107 погодоци во едно првенство. Еден од највозбудливите натпревари, Партизан го има одиграно против Селтик во 1989 година, непосредно пред распадот на СФРЈ. На првиот натпревар, одигран во Мостар, Партизан победува со 2-1. Реваншот се игра во Шкотска, а Селтик победува со 5-4. Партизан постигнува гол во последната минута и на таков начин се квалификува во наредното коло.
Партизан има играно и во финалето на Купот на европските шампиони во 1966 година против Реал Мадрид, откако го исфрла Манчестер Јунајтед во полуфиналето. Партизан поведува со 1-0 во финалето, но на крајот Шпанците сепак победуваат со 2-1.
Партизан на европските натпреварувања
Сезона | Натпреварување | Ранг | Земја | Клуб | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
1955/56 | Лига на шампиони | осминафинале | ![]() |
ФК Спортинг Лисабон | 3-3, 5-2 |
четвртфинале | ![]() |
ФК Реал Мадрид | 0-4, 3-0 | ||
1956 | Митропа куп | четвртфинале | ![]() |
ФК Вакер Виена | 1-1, 1-1, 4-0 |
Полуфинале | ![]() |
ФК Вашаш | 1-0, 1-6 | ||
1958 | Дунав куп | 1 коло | ![]() |
ФК Татран Прешов | 4-2, 1-4 |
1959 | Митропа куп | четвртфинале | ![]() |
ФK Бањик Острава | 1-1, 3-2 |
полуфинале | ![]() |
ФК Хонвед | 3-3, 2-2 | ||
1960 | Митропа куп | Група | ![]() |
ФК Слован Братислава | 2-1, 1-4 |
1961/62 | Лига на шампиони | квалификации | ![]() |
ФК Спортинг Лисабон | 1-1, 2-0 |
осмина финала | ![]() |
ФК Јувентус | 1-2, 0-5 | ||
1962 | Митропа куп | Група | ![]() |
ФК Аталанта Бергамо | 3-3, 2-2 |
Група | ![]() |
ФК МТК | 2-1, 1-4 | ||
Група | ![]() |
ФК Бањик Острава | 2-2, 1-1 | ||
1962/63 | Лига шампиона | квалификации | ![]() |
ЦСКА Софија | 1-2, 1-4 |
1963/64 | Лига шампиона | квалификации | ![]() |
Анортозис Фамагуста | 3-0, 3-1 |
осминафинала | ![]() |
Женес д'Еш | 1-2, 6-2 | ||
четвртфинале | ![]() |
ФК Интер | 0-2, 1-2 | ||
1965/66 | Лига шампиона | квалификации | ![]() |
ФК Нант | 2-0, 2-2 |
осмина финала | ![]() |
ФК Вердер Бремен | 3-0, 0-1 | ||
четвртфинале | ![]() |
ФК Спарта Прага | 1-4, 5-0 | ||
полуфинале | ![]() |
Манчестер Јунајтед | 2-0, 0-1 | ||
финале | ![]() |
ФК Реал Мадрид | 1-2 | ||
1967/68 | Куп на саемските градови | 1 коло | ![]() |
ФК Локомотива Пловдив | 5-1, 1-1 |
2 коло | ![]() |
ФК Лидс Јунајтед | 1-2, 1-1 | ||
1969/70 | Куп на саемските градови | 1 коло | ![]() |
ФК Ујпешт | 2-1, 0-2 |
1970/71 | Куп на саемските градови | 1 коло | ![]() |
ФК Динамо Дрезден | 0-0, 0-6 |
1972 | Митропа куп | Група | ![]() |
ФК Фјорентина | 0-3, 2-1 |
Група | ![]() |
ФК Виена | 3-0, 4-1 | ||
1974/75 | УЕФА куп | 1 коло | ![]() |
ФK Гурник | 2-2, 3-0 |
2 коло | ![]() |
ФК Портдаун | 5-0, 1-1 | ||
осминафинале | ![]() |
ФК Келн | 1-0, 1-5 | ||
1976/77 | Лига на шампиони | 1 коло | ![]() |
ФК Динамо Киев | 0-3, 0-2 |
1978 | Митропа куп | Група | ![]() |
ФК Перуџа | 1-2, 4-0 |
Група | ![]() |
ФК Збројовка Брно | 5-1, 4-1 | ||
Победник | ![]() |
ФК Хонвед | 1-0 | ||
1978/79 | Лига на шампиони | 1 коло | ![]() |
ФК Динамо Дрезден | 2-0, 0-2 (4-5 пен.) |
1983/84 | Лига на шампиони | 1 коло | ![]() |
ФК Викинг Ставангер | 5-1, 0-0 |
осминафинале | ![]() |
ФК Динамо Берлин | 0-2, 1-0 | ||
1984/85 | УЕФА куп | 1 коло | ![]() |
ФК Рабат Ајакс | 2-0, 2-0 |
2 коло | ![]() |
Квинс Парк Ренџерс | 2-6, 4-0 | ||
осминафинале | ![]() |
ФК Видеотон | 0-5, 2-0 | ||
1985/86 | УЕФА куп | 1 коло | ![]() |
ФК Портимоненсе | 0-1, 4-0 |
2 коло | ![]() |
ФК Нант | 1-1, 0-4 | ||
1986/87 | УЕФА куп | 1 коло | ![]() |
Борусија Менхенгладбах | 0-1, 1-3 |
1987/88 | УЕФА куп | 1 коло | ![]() |
ФК Фљамуртари | 0-2, 2-1 |
1988/89 | УЕФА куп | 1 коло | Бугарија | ФК Славија Софија | 5-0, 5-0 |
2 коло | ![]() |
ФК Рома | 4-2, 0-2 | ||
1989/90 | Куп на победниците на куповите | 1 коло | ![]() |
ФК Селтик | 2-1, 4-5 |
осминафинале | ![]() |
ФК Гронинген | 3-4, 3-1 | ||
четвртфинале | ![]() |
ФК Динамо Букурешт | 1-2, 0-2 | ||
1990/91 | УЕФА куп | 1 коло | ![]() |
ФК Хибернијан | 3-0, 2-0 |
2 коло | ![]() |
ФК Реал Сосиедад | 0-1, 1-0 (5-4 пен.) | ||
осминафинале | ![]() |
ФК Интер | 0-3, 1-1 | ||
1991/92 | УЕФА куп | 1 коло | ![]() |
ФК Спортинг Хихон | 0-2, 2-0 (2-3 пен.) |
1996/97 | УЕФА куп | 1 коло кв. | ![]() |
ФК Макаби Хаифа | 1-0, 3-1 |
2 коло кв. | ![]() |
ФК Национал Букурешт | 0-0, 0-1 | ||
1997/98 | Лига на шампиони | 1 коло кв. | ![]() |
Кроација | 1-0, 0-5 |
1998/99 | Куп на победниците на куповите | квалификации | ![]() |
ФК Динамо Батуми | 2-0, 0-1 |
1 коло | ![]() |
ФК Њукасл Јунајтед | 1-2, 1-0 | ||
осминафинале | ![]() |
ФК Лацио | 0-0, 2-3 | ||
1999/00 | Лига на шампиони | 1 коло кв. | ![]() |
ФК Флора Талин | 6-0, 4-1 |
2 коло кв. | ![]() |
ХНК Ријека | 3-1, 3-0 | ||
3 коло кв. | ![]() |
ФК Спартак Москва | 0-2, 1-3 | ||
1999/00 | УЕФА куп | 1 коло | ![]() |
ФК Лидс Јунајтед | 1-3, 0-1 |
2000/01 | УЕФА куп | квалификации | ![]() |
Слиема Вондерерс | 1-2, 4-1 |
1 коло | ![]() |
ФК Порто | 1-1, 0-1 | ||
2001/02 | УЕФА куп | квалификации | ![]() |
ФК Санта Кулома | 7-1, 1-0 |
1 коло | ![]() |
ФК Рапид Виена | 1-0, 1-5 | ||
2002/03 | Лига на шампиони | 2 коло кв. | ![]() |
ФК Хамарби | 1-1, 4-0 |
3 коло кв. | ![]() |
Баерн Минхен | 0-3, 1-3 | ||
2002/03 | УЕФА куп | 1 коло | ![]() |
ФК Спортинг Лисабон | 3-1, 3-3 |
2 коло | ![]() |
ФК Славија Прага | 3-1, 1-5 | ||
2003/04 | Лига на шампиони | 2 коло кв. | ![]() |
ФК Ѓурѓарден | 1-1, 2-2 |
3 коло кв. | ![]() |
ФК Њукасл Јунајтед | 0-1, 1-0 (4-3 пен.) | ||
Група | ![]() |
ФК Порто | 1-1, 1-2 | ||
Група | ![]() |
ФК Олимпик Марсеј | 0-3, 1-1 | ||
Група | ![]() |
ФК Реал Мадрид | 0-1, 0-0 | ||
2004/05 | УЕФА куп | 2 коло кв. | ![]() |
ФК Оцелул Галаци | 0-0, 1-0 |
1 коло | ![]() |
ФК Динамо Букурешт | 0-0, 3-1 | ||
Група | ![]() |
ФК Егалео | 4-0 | ||
Група | ![]() |
ФК Лацио | 2-2 | ||
Група | ![]() |
ФК Виљареал | 1-1 | ||
Група | ![]() |
ФК Мидлсборо | 0-3 | ||
3 коло | ![]() |
ФК Днепро Днепропетровск | 2-2, 1-0 | ||
осминафинале | ![]() |
ФК ЦСКА Москва | 1-1, 0-2 | ||
2005/06 | Лига на шампиони | 2 коло кв. | ![]() |
ФК Шериф Тираспол | 1-0, 1-0 |
3коло кв. | ![]() |
ФК Артмедиа Братислава | 0-0, 0-0 (3-4 пен.) | ||
2005/06 | УЕФА куп | 1 коло | ![]() |
ФК Макаби Петах Тиква | 2-0, 2-5 |
2006/07 | УЕФА куп | 2 коло кв. | ![]() |
НК Марибор | 2-1, 1-1 |
1 коло | ![]() |
ФК Гронинген | 4-2, 0-1 | ||
Група | ![]() |
ФК Ливорно | 1-1 | ||
Група | ![]() |
ФК Макаби Хаифа | 0-1 | ||
Група | ![]() |
ФК Осер | 1-4 | ||
Група | ![]() |
ФК Ренџерс | 0-1 | ||
2007/08 | УЕФА куп | 1 коло кв. | ![]() |
НК Зрињски | 6-1, 5-0 * |
* Поради нередите предизвикани од Партизановите навивачи во Мостар, со одлука на УЕФА, ФК Партизан е исфрлен од УЕФА купот во сезоната 2007/08.
Надворешни врски
Официјални
- ФК Партизан. Архивирано на 14 март 2007 г.
- Профил на УЕФА.
Страници на обожаватели
- Неофицијална страница на клубот.
- Juzni front страница на една од навивачките групи. Архивирано на 6 ноември 2001 г.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.