Богојци
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Богојци (познато како Боговица) — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Богојци | |
Координати 41°17′16″N 20°40′12″E | |
Општина | Струга |
Население | 74 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 26004 |
Богојци на општинската карта Атарот на Богојци во рамките на општината | |
Богојци на Ризницата |
Населбата се наоѓа во источниот дел на Струшкото Поле, на територијата на Општина Струга, североисточно од градот, а под јужната падина на Караорман. Селото е планинско, на надморска височина од 940 метри. Од градот Струга населбата е оддалечена 16 км.
На крајот на XIX век, селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.
Според податоците од 1873 година, селото имало 29 жители мажи муслимани.[2]
Атарот не е многу голем и зафаќа простор од 4,5 км2. На него шумите заземаат површина од 280,4 ха, на пасиштата отпаѓаат 95,3 ха, а на обработливото земјиште 65,1 ха. Во однос на земјоделството, населбата не е многу развиена.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Богојци имало 120 жители, сите Албанци.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Богоишта е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Албанци.[6]
Во 1961 година селото броело 202 жители, додека во 1994 година имало 156 жители, населено со албанско население.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 170 жители, од кои 167 Албанци и 3 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 74 жители, од кои 65 Албанци, 1 Турчин и 8 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | — | 185 | 208 | 202 | 228 | 189 | 0 | 156 | 170 | 74 |
Богојци е албанско село.
Родови во селото се: Селмани (9 к.), Авдија (5 к.) и Белули (12 к.) доселени се од неко— село во областа Голо Брдо (во Албанија). Првите два рода потекнуваат од браќата Селман и Авдија, додека третиот род потекнува од нивниот роднина Белул. Предците на овие три рода се доселени околу 1850-60, поради крвна одмазда.[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.