Населбата се наоѓа на источната страна на територијата на Општина Струга, североисточно од градот, на оддалеченост од околу 10 километри. Бидејќи лежи на рамништето на Струшкото Поле, селото е рамничарско, на надморска височина од 700 метри.
На крајот на XIX век, селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.
Според податоците од 1873 г. селото имало 68 жители, Македонци.[2]
Атарот е мошне мал и зафаќа површина од само 2,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 222,6 ха, на пасиштата отпаѓаат 2,6 ха, додека шумско земјиште нема. Селото има полјоделска функција.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бижево е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 9 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]
Во 1961 година, селото броело 351 жители, од кои 223 биле Македонци, а 125 Албанци, додека во 1994 година бројот се зголемил на 450 жители, од кои 336 се Албанци, а 114 Македонци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 546 жители, од кои 118 Македонци, 421 Албанец и 7 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 290 жители, од кои 71 Македонец, 207 Албанци и 12 лица без податоци.[9]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
Повеќе информации Година, Македонци ...
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
Лица без под.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
249
1953
192
98
1
—
—
2
...
1
—
294
1961
223
125
2
...
...
—
...
1
—
351
1971
179
231
—
—
...
—
...
—
—
410
1981
186
269
—
—
—
—
...
—
—
455
1991
184
4
—
—
—
—
...
1
—
189
1994
114
336
—
—
—
—
...
—
—
450
2002
118
421
—
—
—
—
—
7
—
546
2002
71
207
—
—
—
—
—
—
12
290
Затвори
Родови
Биџево е македонско-албанско село.
Македонски родови се:
Пеќиновци (6 куќи) од околината на Пеќ се доселиле двајца браќа, но тие немале деца, па еден од браќата го посинил Трајан од селото Свиништа, охридско, го знаат следното родословие: Роме (жив на 33г. во 1980 година) Ѓоше-Онуфрија-Ристо-Трајан, кој бил посинет од Свиништа; Плаќановци (5 куќи) доселени се од охридското село Плаќе, го знаат следното родословие: Михајл (жив на 86г. во 1980 година) Цветан, основачот на родот кој се доселил, со брат му Димо; Блажевци (2 куќи) доселени се однекаде; Чавдаровци (2 куќи) доселени се од селото Свиништа, охридско; Танковци (6 куќи) доселени се од денешното албанско село ЛивадаЛивада; Рачиовци (1 куќа) доселени се од соседното сега албанско село Ново Село; Луковчани (7 куќи), Пискупштани (3 куќи), Нережани (1 куќа), Модричани (1 куќа), Вевчанци (2 куќи) доселени се од разни села во Дримкол.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
Македонски
Пеќиновци (5 к.) доселени се од неко— село Пеќишта во Албанија (?). Они се први доселеници во селото. Доселени се уште во XVIII век; Плакановци или Марковци (3 к.) доселени се околу 1898 година од селото Плаќе кај Охрид. Таму припаѓале на родот Марковци; Арачиовци (2 к.) по потекло се од селото Брежани во Дебрца. Најпрво се населиле во селото Ново Село, па во 1908 година се доселиле во денешното село; Танковци (3 к.) по потекло се од селото Ливоишта кај Охрид. Од таму најпрво се населиле во селата Ливада и Драслајца, па во 1919 година се населиле во селото Биџево; Милиќевиќи или Милиќевци (1 к.) потекнуваат од лице кое било службено во селово. Он се земал со некојка тукашна девојка, и останал во селото. По потекло основачот на родот бил од Смедерево во Србија. Тој дошол овде 1923 година; Шкуртевци (3 к.) по потекло се од Белчишта или Слатино во Дебрца. Овде најпрво се населиле во Ливада (каде живееле 8 години), па во Ново Село (6 години) и во 1923 година се населиле во Биџево; Коловци (4 к.) доселени се од селото Луково во Дебарски Дримкол, таму имале истоимени роднини; Ѓутевци (1 к.) доселени се во 1935 година од селото Пискупштина во Дебарски Дримкол. Таму имале истоимени роднини; Филковци (2 к.) доселени се од селото Нерези во Дебарски Дримкол, во 1938 година; Попевци (1 к.) доселени се од селото Вевчани во 1936 година; Анѓелковци (2 к.) доселени се во 1898 година од селото Сирула кај Охрид.
Албански:
Положани (4 к.) доселени се од селото Делогожда; Леш (1 к.) доселени се во 1914 година од Долен Дебар; Елмаз (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Делогожди; Ќура или Ќуровци (3 к.) доселени се во 1942 година од селото Велешта; Дико (1 к.) доселени се во 1944 година од селото Долно Татеши.[12]
Црквата Свети Спас во Биџево
Џамија во Биџево
Артим Положани (1982) - македонски фудбалер.
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:
Македонски:
Пеќиновци иселени се во: Драслајца (од 1893 година, познати како Ламушовци)
Арачиовци иселени се во: Битола (едно семејство од 1938 година).
Танковци иселени се во: Ложани (како домазет од 1926 година)
Шкуртевци иселени се во: Волино (од 1928 година, познати како Шкуртовци)
Албански
Леш се иселени во: Охрид (едно семејство од 1938 година).
Целосно се иселил родот Ланџовци во селото Драслајца.[12]
„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10декември 2021г.. Државен завод за статистика.